• Latest

Пендаровски: Младите на 30 септември да решат за својата иднина

September 18, 2018

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Младите на 30 септември да решат за својата иднина

September 18, 2018 14:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На 30 септември да не дозволите некој друг да решава за вашата иднина. Вие сте растени во дигиталниот глобален свет и без било какви дилеми сте најкосмополитската генерација која било кога живеела во оваа земја. Затоа вие најдобро може да ја направите разликата помеѓу тоа да бидете слободни граѓани на светот и да живеете во изолирана енклава, во заробена држава, во која наместо вредности, правила и принципи, ќе владее партија, поединец или фамилија.

Ова им го порача Стево Пендаровски, национален координаторот на Македонија за НАТО на малдите учесници во школата на која ќе се запознаат со прашања врзани со безбедноста, одбраната и интеграциите во НАТО, чиј почеток денеска беше означен со конференција на тема „НАТО интеграцијата – предуслов за безбедност и развој“.

– Младите секогаш во сите општества се во првите редови на промените заради својата енергија и волја. Според сите анкети кои ги имам консултирано до денеска, процентот на млади кои ќе гласаат „за“ на 30. септември е убедливо поголем од бројот кои ќе гласаат „за“ од сите други возрасни категории. Но, проблемот со младите е што покрај јасно дефинираните ставови не секогаш излегуваат на гласање на денот на изборите, рече Пендаровски.

Според него, безбедноста на државите отсекогаш бил првиот предуслов за економски развој. Тоа значи, подвлече, дека членството во НАТО го обезбедува првиот услов за да имаме просперитетни граѓани и држава.

– Во Македонија тоа го знаат огромното мнозинство граѓани и што е посебен куриозитет мнозинство од сите етнички заедници кои живеат тука. Според својот кохезирен потенцијал, членството во ЕУ и во НАТО е без конкуренција, нагласи меѓу другото Пендаровски, додавајќи оти Македонија во овој момент има поголем процент поддршка за Алијансата од сите нејзини постојни земји-членки, со исклучок на Албанија.

Пендаровски информира дека не е точен податокот оти заложбата на Македонија за интегрирање во НАТО датира од декември 1993 година кога сите парламентарни партии застанаа зад декларацијата за членство во Алијансата.

– Благодарение на првиот министер за одбрана во независна Македонија Трајан Гоцевски знаеме дека 1992 година на Седница на Советот за безбедност во мај под раководство на претседателот Киро Глигоров е донесена одлука Македонија да побара членство во НАТО. На состенокот биле разгледувани повеќе варијанти меѓу кои и опцијатра да се прогласи воена неутралност, информираше Пендаровски.

Данијела Баришиќ, Амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија говорејќи за хрватските искуства од членството во Алијансата потенцира дека околу 66 проценти од граѓаните го поддржувале членството во НАТО.

– Многу е важно да ги знаете аргументите и придобивките. На 30.септември имате избор и одговорност да живеете со одлуката што вие сте ја донеле. Искористите ги вашите граѓански права и изберете дали сакате да бидете дел од ЕУ и НАТО, можеби тоа не е соврешено решение, но не знам што би било подобро отколку да се биде член на НАТО и ЕУ, рече Баришиќ, додавајќи оти Хрватска сака да ги види сите соседи како дел од стабилен и просперитетен регион и токму затоа, повика- излезете да изберете иднина за вашите деца.

За Горазд Бартол, од НАТО канцеларијата во Скопје, кој откако почнал да  ја извршува неговата функција, како што рече, по неколку месеци бил шокиран. Потенцира дека Македонија има направено голем чекор напред во

– Ме испратија од НАТО да и помогнам на земјата да оди напред, да го реализира планот за членство со задачите, но дојдов до заклучок оти нема да биде едноставна работа. Токму заради тоа бев шокиран. Не можев да ги искористам своите искуства во војската. Потоа во Брисел 28 нации, во тој период, побараа извештај и дојдов до заклучок дека сите 28 нации пратија јасна порака дека Македонија да стане член на тој клуб, истакна Бартол. (МИА)

Tags: Горазд БартолДанијела БаришиќЕУНАТОСтево Пендаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ