„Не правам ревизија на судската пресуда, бидејќи не гледам причина за такво нешто, тоа е завршена работа, луѓето лежат во затвор, ниту велам дека пресудата е донесена без докази. Зборувам за обидите за политичко толкување на пресудите што не придонесува за воспоставување нормална политичка дебата во која нема да се гледаме како смртни непријатели. Мојот став дека ако има нови докази кои порано не биле познати, може да го преотвори процесот, не значи дека јас заговарам преотворање на процесот. Само ја цитирам одредбата од Зкаонот и законската можност според која тие луѓе преку своите адвокати во вонреден правен лек можат да побараат од Врховниот суд да ги оцени новите докази, ако такви постојат. Одлуката дали процесот ќе биде повторен, сигурно нема да ја носи некој политички фактор, туку судот“, изјави претседателот Пендаровски по денешната средба со Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, пренесува МИА.
Тезата на Пендаровски е дека ако продолжиме со ваква крајно спротивставена политичка реторика, ние не само што нема до дојдеме до национално или граѓанско помирување, туку, како што истакна, нема да можеме да воспоставиме ниту базична политичка комуникација меѓу нас, како што сега е ситуацијата.