• Latest

Пендаровски: Ромскиот народ е нераскинлив дел од македонскиот општествен мозаик кој ги споделува стремежите и жртвите во борбата за слободно општество

August 3, 2022
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

Гаши: До Собранието не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер на Народната банка

May 15, 2025
Фото: скриншот Х

(Видео) Инциденти меѓу демонстранти и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Пендаровски: Ромскиот народ е нераскинлив дел од македонскиот општествен мозаик кој ги споделува стремежите и жртвите во борбата за слободно општество

August 3, 2022 12:01
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски по повод 2 август – Европскиот ден на сеќавање за холокаустот врз Ромите ја упати следната порака:

„Сеќавајќи се и оддавајќи почит на милионите жртви во Втората светска војна, не смееме да заборавиме и на над 4300 деца, жени и мажи Роми, погубени во нацистичкиот логор во Аушвиц-Биркенау.

Претседателот Пендаровски потсети дека во тој ужасен период од историјата на сила беа закони кои го обезвреднуваа човековиот живот и вроденото достоинство на различни групи, меѓу кои и на Ромите. Тогашната идеологија овозможуваше експлоатирање на нивниот труд, нечовечки медицински експерименти, присилни стерилизации и на крајот, масовни убиства во логорите на смртта. Во текот на Втората светска војна убиени се над 500.000 Роми низ Европа и Балканот.

За Пендаровски, загрижувачки е што денес се сè уште живи историските неправди кон Ромите – негирањето на геноцидот врз нив, расизмот, антициганизмот, говорот на омраза и дискриминацијата чиј интензитет се зголемува, дури и во современите демократски општества. Сето тоа ги турка Ромите на маргините и ја уназадува борбата за нивните човекови права и слободи.

Ромскиот народ е нераскинлив дел од македонскиот општествен мозаик кој ги споделува стремежите и жртвите во борбата за слободно општество. Таа коегзистенција треба да продолжи во духот на солидарноста, хуманоста и меѓусебната почит, истакна Претседателот.

Тој порача да се сеќаваме на историските факти за најголемото зло во историјата на човештвото преку личните сведоштва на преживеаните.

Но наша должност и наша заедничка историска и цивилизациска одговорност е јавно да се спротивставиме на ваквите појави, за трагедиите од Втората светска војна никогаш да не се повторат“!, нагласи Пендаровски.

По повод Европскиот ден на сеќавање за холокаустот врз Ромите, во Кабинетот на претседателот се одржа комеморативна церемонија на која во дворот беше засадено дрво и беше поставена спомен плоча со натпис „Во чест и сеќавање на жртвите Роми за време на Втората светска војна“. На комеморативниот настан, беа прочитани сведоштва на преживеани припадници на ромската заедница од Втората светска војна, информираат од претседателскиот кабинет.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ