• Latest

Пендаровски: Војната за слобода која Украина ја води денес е за праведна кауза, демократскиот свет мора да продолжи да и помага на Украина, затоа што немаме право на пораз

February 27, 2024
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025

Предвремените претседателски избори во Република Српска ќе бидат распишани најдоцна следната седмица

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Пендаровски: Војната за слобода која Украина ја води денес е за праведна кауза, демократскиот свет мора да продолжи да и помага на Украина, затоа што немаме право на пораз

Евентуалниот триумф на овој ретрограден принцип излезен од архивите на минатите векови би бил рецепт за трајна нестабилност во светот, вели претседателот на државата.

February 27, 2024 15:04
in ВЕСТИ, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Минатата година, на овој ист ден, посакавме никогаш повеќе да не се собираме за да ги одбележуваме годините на борбата за слобода на Украина, туку да го прославиме ослободувањето од рускиот окупатор и хероизмот на украинскиот народ. За жал, денес, бруталната агресија врз оваа наша пријателска држава од страна на режимот на Путин навлегува во третата година, а загубите во човечки животи, страдањата на милиони луѓе низ целата земја, девастирачките последици и разрушувањата не се намалуваат, истакна претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на конференција „Украина: Две години хероизам“ (26 февруари, 2024 година), во организација на Амбасадата на Украина, во соработка со македонската граѓанска организација ЦИВИЛ – Центар за слобода.

„За овие две години сме сведоци на сета нечовечност на еден режим отсечен од реалноста, кој како да е излезен од најтемните времиња на европската историја од минатиот век, во целосен расчекор со реалноста на 21 век. Таа персонална диктатура се обидува, не само да наметне ревизија на историјата, туку и да ги промени границите во Европа, во спротивност на сите меѓународно-правни договори кои ги гарантираат мирот, стабилноста и безбедноста на континентот по крајот на Втората светска војна“, рече Пендаровски.

Тој додава дека истиот тој режим, кој ги гази правдата и човековото достоинство и во сопствената држава, кој секојдневно ги прогонува, затвора и убива своите опоненти, се обидува да наметне визија за светот, во кој, деспотите слични на нив ќе бидат во позиција да ја одредуваат судбината на сегашните и идните генерации.

„На патот на тие обиди, пропратени со невидена бруталност, на првата линија на отпорот, веќе десетина години, стои херојскиот украински народ поднесувајќи огромна жртва и покажувајќи истрајност и постојана верба дека доброто може да го победи злото. Затоа, војната за слобода која Украина ја води денес е за праведна кауза, во името на сиот демократски и цивилизиран свет, кој мора да продолжи да помага се до целосно ослободување на Украина, просто затоа што во таа борба, сите ние, немаме право на пораз“, рече тој.

Пендаровски нагласи дека оваа војна е најголемата закана за мирот и европската безбедност, чиј исход ќе влијае врз поредокот, не само на нашиот континент, туку и во меѓународните односи во годините што доаѓаат. Војна која ќе покаже дали годините на демократски развој во Европа по крајот на Студената војна се залудно потрошени за реализација на една апстрактна идеја или пак, демократијата е сè уште жилава и доволно силна да покаже отпорност кон ретроградните и авторитарни режими и предизвиците кои тие ги создаваат.

Војна која ќе покаже дали примената на сила ќе стане основниот принцип кој треба да ја одредува природата на односите меѓу државите и во ова столетие или ќе остане на сила она што е запишано во Повелбата на Обединетите нации дека земјите- членки се рамноправни меѓу себе, независно дали се мали или големи. Евентуалниот триумф на овој ретрограден принцип излезен од архивите на минатите векови би бил рецепт за трајна нестабилност во светот, и враќање во едно не толку далечно минато, кога геополитичките игри и интереси на големите беа далеку посилни од слободната волја на народите.

Имено поради ова, влогот на сиот демократски свет е огромен, а консеквенците од одбранбената војна која Украина денес ја води ги надминува нејзините граници.

„Во овој контекст, ние уште од првиот ден на агресијата се солидаризиравме и сочуствувавме со страдањата на милионите Украинци. Бевме меѓу првите земји која понуди воена, техничка и хуманитарна помош, и која гласно се спротистави на погазувањето на независноста, територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина.

Нашата позиција не е променета и две години од почетокот на агресијата. Заедно со сојузниците во НАТО Алијансата постојано вложуваме напори помошта за Украина која и е повеќе од потребна, да не се одлага заради внатрешно-политичката динамика во државите- сојузнички. Успесите на Украина денес не зависаат само од волјата и потенцијалите на украинската армија, туку и од финасиската, логистичката и, пред сè, воената помош која таа мора да ја добива. Секоја поинаква калкулација во овој контекст, ќе доведе до уште поголеми страдања, разрушувања во Украина и неизвесност за сите нас“, рече тој.

Пендаровски рече дека за два дена, во Тирана, ќе учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа, каде што заедно со неговите колеги ќе се сретне со претседателот Зеленски, со цел, да ја реафирмира нашата јасна позиција за продолжување на помошта за Украина, поддршка за процесот на обнова на разрушените делови и за носење пред лицето на правдата на сите одговорни за ужасните злосторства со што, како што вели „ќе им дадеме барем малку утеха на најблиските на жртвите“.

„Со други зборови, ќе покажеме целосна поддршка за Украина слободно да го избере патот по кој ќе чекори во иднина. Ако тој пат вклучува волја и подготвеност за интегрирање на земјата и во ЕУ и во НАТО, тогаш ние мораме да дадеме поддршка на украинскиот избор.

Ова се клучни предуслови без кои, не е можно решавање на конфликтот и постигнување траен мир и помирување, кога за тоа ќе бидат создадени услови“, вели тој.

Пендаровски вели дека потребно е ова да го истакнуваме во секоја прилика затоа што е евидентно, од ден на ден, дека не е мал бројот на тие кои мислат дека со евентуалните промени на власта во неколку клучни демократски држави и организации во текот на оваа година, Украина ќе биде соочена со изборот да ги отстапи окупираните територии, во замена за мир, демилитирализација и воена неутралност.

Ваквиот исход би бил спротивен на волјата на украинскиот народ и ќе значи легитимирање на агресијата и сите злосторства извршени во изминатите години. Најдобар доказ дека станува збор за сосема погрешни анализи е анексијата на Крим која се случи пред десет години и која поради отсуството на реакција на демократскиот свет, не го спречи натамошниот конфликт, туку само ја охрабри Моксва, истото агресивно сценарио да го спроведе и на истокот на Украина неколку години подоцна“, рече претседателот на државата.

Затоа, во светло на последниот развој на ситуацијата на военото поле и повлекувањето на украинската армија од градот Авдиивка во источниот дел на државата, единствено сплотеноста на демократскиот свет и робусната поддршка за украинските вооружени сили би можела да ги спречи натамошните руски продори, но и да овозможи враќање на териториите се до границите на државата кои беа меѓународно признаени по распадот на Советскиот Сојуз.

„Имајќи го ова предвид, неодамна донесената одлука на Советот на ЕУ за помош во износ од 50 милијарди евра и најавата дека американскиот Конгрес би можел да ја премости политичката блокада и да ја откочи помошта за Украина од околу 90 милијарди долари се вистинскиот начин на кој треба да се делува во иднина.

Во овој контекст, зборовите на американскиот државен секретар, дека ако Украина престане да се бори, ќе престане да постои, но ако Русија престане да напаѓа, ќе престане војната, најдобро ја опишуваат денешната ситуација и изборот со кој е соочен украинскиот народ, кој се бори за својата татковина и за својата иднина“, истакна тој.

Во таа борба, ние ќе продолжиме да бидеме на вистинската страна, вели Пендаровски, се додека не настапи мирот кој ќе биде по мерка на пријателскиот украински народ и кој ќе обезбеди долгорочна стабилност и просперитет не само на Украина, туку и на европскиот континент.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ