• Latest

Пенов: Како граѓани не го гледаме бенефитот од новиот модел за автопатишта кој успеа на Балканот, самиот Бехтел е гаранција дека нема корупција

May 22, 2023
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Пенов: Како граѓани не го гледаме бенефитот од новиот модел за автопатишта кој успеа на Балканот, самиот Бехтел е гаранција дека нема корупција

May 22, 2023 14:24
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов денеска, во гостувањето во емисијата „Утрински печат“, го коментираше договорот со американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка за изградбата на Коридорите 8 и 10Д. Според него,  ова е огромна шанса за сите нас.

Тој истакна дека во Министерството за локална самоуправа се анализира Законот за територијална организација, но таму не лежи коренот на проблемот со децентрализацијата

-Тезата кај нас е дека има премногу општини.  Словенија е со ист габарит како Македонија, а  има 212 општини, проблемот е како да ги направиме функционирални. Сега правиме анализи за да можеме да ги направиме сите општини да функционираат онака како што посакуваме. Суштината е дека правиме анализи и концепт кој ќе направи асиметрична децентрација, а тоа значи во некои општини да имаат повеќе не ингеренции туку извршување на обврски, а некои помали општини ќе ги спојуваат тие обврски во некои регионални или поголема област. Што се однесува до финансирањето кај помалите рурални општини ќе мора да додадеме повеќе државни средства, додека кај поголемите помалку. Сега интенцијата е да помагаме повеќе на поголемите зошто имаат поголеми проблеми, рече министерот Пенов во гостувањето во емисијата „Утрински печат“ на Слободна ТВ.

Во однос на слабата наплата на надоместоците и даноците на во одредени општини, министерот нагласи:

-Најголемиот проблем е популизмот, никој не сака да се нафати да наплаќа од граѓаните. Јас не зборувам да наметнеме нов товар на граѓаните, но некои основни обврски за нешто што се користи од локалната самоуправа или од државата треба да се наплати соодветен надомест. Во помалите општини воопшто не наплаќаат за користење на јавен простор, а тоа не е социјална категорија, тој прави некаков бизнис. Дури и во Скопје, во центарот на Градот, по мене многу ниски цените на тие бенифиции што општината ги дава на приватниот сектор. А данокот на имот е посебна приказна. Таму исто така дали од популистички побуди или од незнаење имаме слаб опфат на објектите кои треба да платат данок. Сега сме вкчучени преку УСАИД за во одредни оштини да се евидентираат сите можни имоти кои се потенцијални даночни обврзници, рече Пенов.

Министерот се осврна и на низа проекти кои се реализираат во општините преку Министерството за локална самоуправа.

-Има многу проекти кои се во тек. Тоа се проекти кои се реализираат со донации и помош од други држави и вклучени средства од владата кои се работат во општините кадешто се чувствува некаква потреба. Уште поголем зафат се проектите преку ЕУ и ИПА програмите. Огромни средства преку ИПА програмите влегуваат во нашата држава, но се соочуваме со ниска капацитетност на општините, на бизнисот, на невладиниот сектор за да конкурираат со квалитетни проекти кои можат да бидат финансирани. Секаде проблемите се исти, додава Пенов.

Тој нагласи дека некои општини предничат, при што ги истакна Кавадарци во опфатот со данок на имот и Карпош во намалување на долговите

-Мали се ставките за капитални инвестиции на општините. Нешто прават со свои пари, некои со помош на Владата. Патишта, пречистителни станици и слични проекти. Тие проекти ние ги правиме европски и овозможуваме пристап до европските фондови кои ги има многу, вели Пенов.

Тој се осврна и на реакциите за градбата на коридорите 8 и 10Д и сомнежите за корупција при овој огромен градежен зафат кој се проценува дека ќе чини 1,3 милијарди евра.

-Градбата на коридорите е огромна шанса за сите нас. Тоа е инвестициски проект во обем кој досега не е и изведен во независна Македонија. Се работи за проект кој за првпат во Македонија ќе го изведува американска фирма. И сега врзано за целата атмосфера за корупција. Потенцијал за корупција има во секој сегмент. И во овој проект дека е од поголеми размери има поголеми шанси за корупција. Но гарантот тука е самиот Бехтел. Факт е дека ние овде тешко расчистуваме корупција. Еве примерот со најголемиот корупциски скандал кај нас со Дојче Телеком кој не го расчистивме до крај. Само затоа што таа германска фирма е на американската берза нејзините конкуренти ја пријавиле дека прави нешто коруптивно, така се откри корупција. Па видете го сега фактот што Бехтел е американска фирма и е подложна на тамошните процедури. И сега ние овде ние како граѓани не го гледаме бенефитот од новиот модел кој успеа на Балканот. Косово има два автопати со Бехтел, Албанија, Хрватска, Србија и секаде се успешни тие, вели Пенов.

Тој се осврна на негативната атмосфера која владее во јавноста без да мисли на придобивките кои ќе ги имаат граѓаните и економијата во целина.

-Атмосферата која се создава сега е да го оневозможиме проектот. И каков бенефит ќе добиеме ако го спречиме проектот. И тука уфрламе разни елементи коишто се атрактивни за граѓаните, работното време, ќе имало експлоатација. А како оваа фирма работеше во Хрватска, во Србија. Како се градени автопатиштата во Германија или Норвешка и како држави успеаја во брзо време квалитетно да изградат, а ние со нашата регулатива еве стоиме со години во место со автопатот Кичево – Охрид и Росоман – Прилеп и само ја обвинуваме Владата, а Владата има договори со фирми кои имаат разно разни пречки во реализација на своите проекти. Македонија ќе има друг развој, друга секојдневна економска состојба. Тие 200 милиони евра кои же ги плаќаме годишно за автопатиштата тоа се пари што ќе се движат низ македонската економија  Бехтел е обврзан 100 милиони евра од проектот да користи во Македонија, дали како плати, набавка на материјали, договори со домашни фирми, а тие 100 милиони евра се еден процент раст, вели Пенов.

Во обид да се расчитат дел од дилемите кои се појавија за договорот со Бехтел и Енка, Пенов ја спомена и неодамнешната средба на претставниците на надзорната компанија ИРд со новинарите.

-Од ИРД им нагласија дека во 2014 година биле надзор на градбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, потпишан со Груевски. Рекоа дека зеле надомест многу поголем отколку сега за во овој проект. И сега и нив ги напаѓаме. Каде одиме со таквата дебата, праша Пенов во интервјуто за „Утрински печат“.

Извор: Слободен печет

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: бенефиткоридори 8 и 10длокална самоуптраваРисто Пенов
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ