Categories

КОНЦЕРТ „Пешачкиот премин е за слободно минување, не за смрт!“

„ТТ Фестивал“, е настан посветен на Тамара Тодороска и сите останати невини жртви во сообраќајот кој ќе се одржи на 23 декември во МКЦ, со почеток од 19 часот.

Фестивалот се одржува по втор пат, и како и минатата година го има истото мото: „Пешачкиот премин е за слободно минување, не за смрт!“.

Целта на фестивалот е да се разбуди свеста кај граѓан(к)ите кои седнуваат во своите моторни возила и да се преземе поголема одговорност од оние кои ќе направат вакви трагични несреќи.

На фестивалот ќе настапат Fiction, The Planktons, ИлузијА (Accoustic), Leonard (Balkan Veliki Балкан Велики), и TV Rage (Accoustic).

Фестивалот, за прв пат се одржа минатата година, на роденденот на Тамара Тодороска, која трагично го загуби својот живот поради неодговорноста на возачите во сообраќајот, на свои 19 години.

Влезниците се по цена од 100 денари и сите собрани средства ќе бидат наменети за организацијата „Сина Светулка“, која се грижи за унапредување на квалитетот на животот на дечиња со аутизам.

Организаторот на фестивалот, Димитар Тодороски, вели дека фестивалот повторно ќе се одржи на роденденот на Тамара, а целта да се помогне на оние деца е поради тоа што тоа била и пораката на Тамара, која што студираше дефектологија на Филозофскиот факултет, и им се овозможува да одат на пракси во училишта кај деца со посебни потреби и аутизам.

Парите од влезниците беа донирани и минатата година, со кои беа купени играчки и опрема која ќе им користи на децата со аутизам.

Димитар вели дека парите преку организацијата Блу Фајрфлај ќе се донираат за средства на социјално загрозени дечиња со аутизам, за да може да им се помогне при нивното образование.

А. Петровска 

 

 

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email