• Latest

Пет години по Диво Насеље, некои прашања сѐ уште неодговорени

May 9, 2020

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пет години по Диво Насеље, некои прашања сѐ уште неодговорени

May 9, 2020 11:27
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Малата војна“ во Диво Насеље која се водеше на Денот на Европа, на 9 мај 2015 година, и по пет години, сѐ уште побудува силно внимание во јавноста, пред сѐ, поради неодговорените прашања кои се наметнуваат по овој жесток предизвик за македонската безбедност и за соживотот во земјата.

Тој ден додека во земјата се случуваа најмасовните и најжестоките протести против режимот на Груевски во Куманово се слушаа куршуми, експлозии од бомби и ракети. Додека медиумите кои беа под палката на тогашната власт јавуваа дека „акцијата“ е завршена, кумановчани јавуваа за непрекинато пукање, осум полицајци загинаа, 40 припадници на полицијата беа ранети, а официјална изјава од тогашната министерка за внатрешни Гордана Јанкуловска граѓаните добија после 20 часа.

„Тоа беше период во кој навистина се соочивме со сериозен безбедносен предизвик, меѓутоа, и во тоа време веднаш по избивањето во првите часови, кумановки и кумановци покажаа една висока зрелост, која може да служи како пример и за Европа, а не само за Македонија. Ситуација во која тие не подлегнаа на предизвикот да се закрват со своите соседи, на етничка или на верска основа. Тие одолеаја на овој жесток атак врз сплотеноста на македонското општество, жесток атак врз мултикултурализмот на македонското општество. Тензиите и насилствата се најевтината алатка во рацете на оние кои сакаат да дојдат на власт по криминален пат. Она што ние ден денеска не го знаеме е навистина кој и зошто стои зад Диво Насеље како еден многу сериозен и трагичен настан, но и предизвик за безбедноста“, изјави Џабир Дерала за медиумите на настанот кој ЦИВИЛ го организираше во Куманово во 2018 година, кога организацијата реши Денот на Европа да го одбележи токму во овој град, на три годишнината од трагичниот настан.

„На Куманово државата му должи одговор и да каже кој беше сценаристот, а кој режисерот на кумановските настани. Од позиција на градоначалник, јас самиот се обидувам да создадам слика во Куманово граѓаните да го заборават овој акт што побрзо“, изјави градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски на панел дискусијата „Диво Насеље – три години потоа“ која ја организираше ЦИВИЛ. Димитриевски истакна дека никој што во тоа време ја имал командната одговорност на полициската поставеност, која претрпе огромни губитоци, не поднел оставка. Паралелно со ова, како што рече Димитриевски, голем број од полициските лица биле финансиски наградени за самата постапка.

Авди Авдиу, кумановец, чија изјава на 10 мај 2015 на многумина им ја врати надежта за соживот и покажа дека што и да се случи на 9 мај во Диво Насеље не е резултат на конфликт меѓу Македонците и Албанците учествуваше на оваа дискусија.

„Вистината се уште е затаена. Одговорните не се исправија пред судската власт. Таа „мала војна“ како што ја нарекувавме тогаш немаше воена конотација, туку конкретна политичка цел. Мора да сфатиме дека треба да одговараат структурите кои допуштија да се случи сето тоа“, изјави Авдиу.

Пет години потоа, иако намерата не беше постигната, граѓанките и граѓаните не добија одговори на прашањата за организаторите на ова црно сценарио. Случајот резултираше со оставка на министерката Јанкуловска, како и тогашниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, но никој од власта не ја презеде одговорноста. Организаторите и сценаристите останаа во сенката на извршителите.

М. Ивановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ