Целосна дезинформација е објавата на порталот Цивил Медија за наводно мој став дека Меркел нема да се сретне со Заев – пишува Петар Богојески во своето писмено обраќање до ЦИВИЛ.
Пораката од Богојески ја пренесуваме во целост:
Самиот портал Цивил Медиа во објавата ги повторува моите ставови:
„Премиерот Заев денеска на својот Фејсбук профил објавил дека во пријателска атмосфера попладнево во Тирана имаат работен ручек со германската канцеларка Ангела Меркел, заедно со лидерите од Западен Балкан, на кој главна тема е регионалната соработка.“
Токму тоа е и поентата на мојата објава, дека Скопје стана провинција во Опнат Балкан, а Заев ќе се сретнува со Меркел во Тирана, како да е Тирана главен град на Македонија. Дополнително што Меркел на друго ниво се сретна со лидерите на Србија и Албанија, а Македонија беше оставена во “групната средба” со придружните “членки” на таквиот Опнат Балкан!
Македонија од лидер на Балканот, се претвори во провинција на т.н. Отворен Балкан, а веќе главната улога ја играат Белград и Тирана.
Барам овој мој демант да се објави на истиот медиум на кој беше објавена веста за наводно мој фејк став, иако секој личен став е мое право и нема никој надлежност да го оценува, најмалку некој мониторинг тим на Цивил Медиа!
Обидот да се замолчат различните ставови на опозицијата од оние на власта е дирекно кршење на демократијата и слободата во земјата, а потврда за постоење на хибридниот режим во Македонија.
Петар Богојески