Зелените вредности, антинационализмот и социјалната правда се цивилизациски вредности, вели кандидат за градоналник Виктор Петков од коалиција ЛДП-ДОМ, на локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври, на панелот на ЦИВИЛ во Гевгелија.
https://www.youtube.com/watch?v=wlXAKvRk544
„Треба да се посветиме на планината Кожув која ни е дар божји, која ни дава вода, чист воздух и храна за општината. Исто така треба фала да му кажеме на Господ што имаме биодиверзитет во гевгелиско. Имаме 250 дена сонце во текот на годината исто како што ни е знамето и тоа треба да го искористиме. На Гевгелија и треба интерконектор за гас кој ни доаѓа од соседна Грција, со што ќе имаме чиста средина, чист воздух, бидејќи тоа е гориво што не загадува“, вели тој.
Во однос на антинационализмор, Петков вели дека во Гевгелија се почитуваат различноста и се негува мултикултурализмот.
„Јас живеев во Канада и таму доколку имате различно мислење за различните групи ве гледаат со црни очи како да сте паднале од Марс. Таму се почитува различноста.
Сите зборуваме за заедништво, иако во Македонија не функционира до тој степен како што треба и веројатно овие процеси на поделби ќе тераат, ќе тераат па ќе удрат во ѕид па после се враќаат назад и ќе бидат таму каде што им е местото, а тоа е заедништвото.
За ова да функционира треба да имаме добар систем, владеење на правото и солидарност“, вели тој.
Петков додава дека кај нас би требало да функционира релацијата „граѓанин – градоначалник – граѓанин“, но, за жал кај нас функционира „граѓанин- партија – градоначалник – па пак партија – па пак градоначалник.
Тој нагласи дека Општината може подобро да функционира доколку повеќе се вклучи невладиниот сектор, бизнис секторот и граѓаните да бидат на повисок пиедестал. Кандидатот за градоначалник на ЛДП-ДОМ потенцира дека треба да има децентрализација, и доколку општина Гевгелија остварува поголем приход тогаш би била донатор на други општини што имаат помалку пари.
текст и камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети