Ние се бавиме со дебанкирање на дезинформации, но исто така се бавиме и со ширење и објавување на позитивни наративи, истакна уредникот на Вистиномер и Критинк, е-изданија на Фондацијата Метаморфозис, Владимир Петрески на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.
-Зависи од темата и од публиката како да пристапиме кон темата. Во последно време доста се бавиме со дезинформациите против Ковид -19. Ние постојано ја повторувавме вистината бидејќи Ковид-19 е битна тема за општеството.
Во Франција има студии за следбеници на ИСИС кои се пред се млади лица. Тешко може да се работи директно со нив. Таму со нив работат психолози да се вратат во детсвото.
Ние тие содржини што ги проверуваме не ги дебанкира никој друг. Тоа се оригинални содржини. Социјалните мрежи сакаат да ги тргнат дезинформациите од нивните страници.
По изборите во 2016 година, се покажа дека 20 лажни вести се почитани од 20 вистинити вести кои се најчитани. Тогаш се виде дека „ѓаволот ја однесе шегата“.
Се прават студии кога, и во кој временски период се објавуваат такви вести, односно до 9 сабајле и после 5 попладне, ама по московско време…