• Latest
Фото: Министерство за одбрана

Петровска – Д’Адарио: Северна Македонија е одговорен сојузник кој директно придонесува кон безбедноста на Алијансата

April 5, 2023
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петровска – Д’Адарио: Северна Македонија е одговорен сојузник кој директно придонесува кон безбедноста на Алијансата

April 5, 2023 13:36
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Фото: Министерство за одбрана

Фото: Министерство за одбрана

Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е одговорен сојузник кој директно придонесува кон безбедноста на Алијансата, констатирале на денешната средба во Скопје министерката за одбрана Славјанка Петровска и командантот на Силите за брзо распоредување на НАТО во Италија, генерал-потполковник Лоренцо Д’Адарио, кој престојува во дводневна посета на Северна Македонија.

На средбата, министерката Петровска порача дека со приклучувањето на Северна Македонија кон Меморандумот за разбирање чиј потписник се земјите-контрибутори во Силите за брзо распоредување, нашата земја уште еднаш покажа дека безбедноста не ја зема здраво за готово и дека е активен учесник во зацврстувањето на сигурноста на НАТО и сите земји членки.

-НАТО со сега веќе 31 земја-членка е одлучно и посветено на безбедноста на својата територија. Ние сме одбранбена Алијанса која не претставува закана за никого, туку напротив, нашата заедничка цел е со здружени капацитети да ја гарантираме безбедноста на својата територија и на своите граѓани, рече министерката.

Таа изрази задоволство што Северна Македонија го потпиша Меморандумот за разбирање и што НАТО е будно и обединето во гарантирањето на безбедноста на една милијарда луѓе во светот.

Генералот Д’Адарио, како што информира Министерството за одбрана, се заблагодари за улогата која Северна Македонија ја има во зацврстувањето на безбедноста на регионот и на Алијансата и додаде дека постоењето на сили за брза реакција е уште еден исчекор кон безбедно и сигурно НАТО.

-Нашата цел како Сили за брзо распоредување на НАТО во Италија е токму развој на способности за извршување на мисии низ целиот спектар на операции, на брз и ефикасен начин. Овие Сили се уште еден капацитет во басенот на НАТО кој ја штити евроатлантската област, рече генералот Д’Адарио.

Тој во рамки на следните чекори на афилирање на припадници на Армијата во овие Сили истакна дека знамето на Северна Македонија е веќе рамноправно со знамињата на останатите 19 членки кои партиципираат и изрази очекување до почетокот на летото да биде упатен првиот штабен офицер на Армијата на Република Северна Македонија во Штабот на корпусот, додека наскоро ќе биде разгледана и можноста за реализација на вежбовни активности на полигонот Криволак.

По средбата со министерката Петровска, генералот Д’Адарио се сретна со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, а во рамки на посетата средба ќе има и со командантот на Командата за операции, бригадниот генерал Бесник Емини.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ