• Latest

Петровска: Следната година влегуваме во процес на набавка на дронови за македонската Армија

October 27, 2023

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петровска: Следната година влегуваме во процес на набавка на дронови за македонската Армија

October 27, 2023 11:05
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва во емисијата Click Plus на ТВ21 говореше на повеќе теми поврзани со одбраната, вклучувајќи го и буџетирањето на одбраната и инвестициите во нова и модерна опрема за Армијата каде најави дека следната година, и формално одбраната ќе влезе во процес на набавка на дронови за потребите на Армијата на Република Северна Македонија.

„Процесот веќе е започнат и во текот на следната година ќе започнеме формално со набавка на дронови, затоа што анализата која јас ја најавив пред неколку месеци е направена. Генералштабот на Армијата со соодветните единици ја заврши оваа анализа која што покажа каде, во кои сегменти од одбраната и генерално за државата, дроновите можат да бидат искористени. Во наредниот период остануваме да ги изработат оперативните побарувања, односно да се специфицира што точно, каков вид дронови и со кои перформанси се потребни и таа набавка треба да ја спроведеме во текот на следната година“, најави министерката.

Петровска истакна дека согласно предлог буџетот за кој се завршени консултациите со Министерството за финансии, одбраната ќе располага со буџет во висина од 2 проценти од бруто-домашниот производ, од кои 33 проценти ќе бидат наменети за модернизација и опремување. Високиот процент на инвестирање во нова и модерна опрема главно се должи на фактот дека долги години претходно не се инвестирало во Армијата – ниту во материјални средства, ниту во униформи, ниту во вооружување, појасни министерката, соопштина Министерството за одбрана.

„Минатата година информиравме за склучување на договорот со Франција за набавка на против воздушен систем за одбрана, проектот за набавка на лесните оклопни возила JLTV е започнат и јавноста имаше можност да ги види во различни ситуации тие возила. На почетокот на следната година очекуваме да се вратат двата хеликоптери кои се испратени на ремонт, сè додека не го склучиме договорот за набавка на нови хеликоптери кој е во финална фаза“, рече министерката. Додаде дека тимот кој работи на овој процес побарал дополнително време за консултации во однос на понудите и изрази уверување дека во текот на ноември месец ќе можат да ги презентираат конечните позиции, по што ќе биде донесена одлуката и за нивна набавка.

Tags: АрмијадроновиСлавјанка Петровска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ