• Latest

Петровска во посета на Воената академија: Академијата останува наш приоритет, тука се создаваат идните воени лидери

January 18, 2023

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петровска во посета на Воената академија: Академијата останува наш приоритет, тука се создаваат идните воени лидери

January 18, 2023 12:59
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Развојот на Воената академија останува да биде еден од приоритетите на Министерството за одбрана зашто тука се создаваат идните лидери во Армијата на Република Северна Македонија. Академијата е суштински дел од одбранбениот систем на државата и затоа мораме да продолжиме заеднички да ја развиваме“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска при денешната посета на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ каде се сретна со деканот, полковникот Митко Богданоски, со научно наставниот кадар и дел од питомците на Академијата.

Како што соопштуват од Министерството за одбрана, на средбата со деканот на Академијата, полковникот Богданоски, министерката беше информирана за активностите во 2022 година и плановите за тековната година. Полковникот Богданоски информираше и за акредитацијата на студиските програми за втор циклус студии во периодот 2022 – 2027 година и реакредитацијата на студиските програми за прв циклус на студии.

При посетата, министерката Петровска разговараше и со дел од питомците на Воената академија, на кои им порача да бидат активни, да ги развиваат своите способности и своите знаења зашто тие се идните офицери на македонската Армија и од нив зависи како ќе се развива Армијата во годините кои доаѓаат.

„На академијата предаваат искусни професори и предавачи и ваша задача е да го впивате тоа знаење и да размислувате како идни НАТО офицери. Искористете ги сите можности кои ги нуди Воената академија, вмрежувајте се со вашите колеги од земјите членки на НАТО и покажете дека Северна Македонија има офицери кои можат да стојат рамо до рамо со офицерите од другите НАТО Армии“, рече министерката на неформалната средба со питомците.

Воената академија е високообразовна институција која школува кадри за одбраната и Армијата, за кризниот менаџмент и системот за заштита и спасување. На академијата се организира школување на сите циклуси на студии, а професорскиот кадар континуирано учествува во меѓународни научно-истражувачки проекти, конференции и работилници. На академијата освен за потребите на Армијата на Република Северна Македонија се школуваат питомци и од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Tags: АрмијаВоена академијаминистерот за одбранапитомци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ