• Latest
Славјанка ПетровскаФото: Цивил / Архива

Петровска за Цивил: Одбраната не е само оружје, туку стратегија за развој и безбедност – 5% од БДП е шанса, не товар

June 27, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Петровска за Цивил: Одбраната не е само оружје, туку стратегија за развој и безбедност – 5% од БДП е шанса, не товар

Петровска потенцира дека не се остварија очекувањата или „предвидувањата“ на некои скептици кои пред неколку месеци „предвидуваа“ крај на Алијансата. НАТО не се распаѓа – напротив, станува посилна и пообединета

June 27, 2025 16:46
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Славјанка ПетровскаФото: Цивил / Архива

Славјанка ПетровскаФото: Цивил / Архива

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа започна серијал на тема – „НАТО лидерски самит 2025: Предизвици и перспективи“ во кои релевантни соговорници, експери во областа на геополитиката, безбедноста, одбраната и членството во НАТО одговараат на прашањата за предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг, зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од ГДП до 2035 година и  единството на Алијансата во претстојниот период.

Своите ставови по овие прашања, ексклузивно за ЦИВИЛ Медиа ги сподели пратеничка на СДСМ, Славјанка Петровска, која беше министерка за одбрана во периодот 2022 – 2024 година. Таа вели дека паметна одбрана значи вложување и во економијата, индустријата и отпорноста на државата. Таа е децидна дека инвестициите се можност за вмрежување со стопанството и науката – не оптоварување за буџетот. Додава дека скептиците згрешија, а Македонија има историска шанса преку паметна стратегија да добие повеќе од секогаш.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг?

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА: Алијанста и понатаму се соочува со продолжената руска агресија врз Украина, за што повторно се согласија за континуирана и засилена поддршка за Украина, но и предизвиците кои ги носи развојот, а тоа се хибридните и сајбер заканите. Перспективите се дека токму преку одговор на предизвиците или заканите, Алијансата продолжува да ги зајакнува одбранбените капацитети со тоа исполнувајќи ја својата мисија за одвраќање и одбрана. Завршната декларација, прифатена од сите членки потврдува дека Алијансата продолжува посилна и пообединета да одговори на предизвиците кои ги имаме и како земји членки, но и како Алијанса. Не се остварија очекувањата или „предвидувањата“ на некои скептици кои пред неколку месеци „предвидуваа“ крај на Алијансата. Премногу е вложено во Алијанста и политички и воено за да некој може да поверува во такви сценарија. Како човек кој верува во принципите на Повелбата за основање на Алијансата, задоволна сум од усвоената Декларација и поставените приоритети.

ЦИВИЛ МЕДИА: Со кои предизвици се соочува иницијативата за зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од ГДП до 2035 година?

ПЕТРОВСКА: Кога ќе кажеме 5% од БДП, веднаш гледаме стотици милиони евра и веројатно некој ќе негодува и ќе помисли дека тоа е невозможно, или пак тешко за постигнување. Јас во тие 5% не гледам оптеретување на македонскиот буџет и економија, туку можност, шанса да се направи сериозно подобрување во повеќе области. Затоа што веќе одамна, кога зборуваме за одбрана не зборуваме само за воена опрема и вооружување, туку зборуваме за паметна одбрана. Тоа е концепт, стратегија чија цел е да се максимизира ефективноста на одбранбените капацитети преку градење и користење на ресурсите и да се зголеми соработката со останатите земји членки, преку заедничко развивање на капацитети. И за ова ни треба наша, национална стратегија која може да биде одлично подготвена и реализирана ако се ангажираат човечките капацитети во Армијата и Министерството за одбрана, но и се продолжи т.н коалиција или соработка со бизнис заедницата, со граѓанските организации и академската заедница, која беше воспоставена во 2022 во Министерството за одбрана и чија цел беше националните документи за одбраната да бидат создадени преку интер-секторска соработка.

Ако се има предвид она што е усвоено во завршната декларација ќе видиме дека тие 5% се всушност 3,5% за чисто воена опрема и капацитети и 1,5% за заштита на критичната инфраструктура, градење на цивилна отпорност и подготвеност, иновации и зголемување на воените индустриски капацитети.

Сега е на ред Владата, да покаже политички и демократски капацитет овие 5% инвестиции во одбраната, да ги претвори во добивка за државата.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали по овој самит може да се очекува поголемо единство на Алијансата во претстојниот период?

ПЕТРОВСКА: Завршната декларација, прифатена од сите членки потврдува дека Алијансата продолжува посилна и пообединета да одговори на предизвиците кои ги имаме и како земји членки, но и како Алијанса. Не се остварија очекувањата или „предвидувањата“ на некои скептици кои пред неколку месеци „предвидуваа“ крај на Алијансата. Премногу е вложено во Алијанста и политички и воено за да некој може да поверува во такви сценарија. Како човек кој верува во принципите на Повелбата за основање на Алијансата, задоволна сум од усвоената Декларација и поставените приоритети.

Дехран Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ