• Latest

Петровска: Женското лидерство да биде составен и неразделен дел од современата безбедносна архитектура

September 6, 2023
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петровска: Женското лидерство да биде составен и неразделен дел од современата безбедносна архитектура

September 6, 2023 14:11
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска утрово во Тетово се обрати на првата работна сесија во рамките на конференцијата организирана од македонското претседавање со ОБСЕ посветена на „Родовата еднаквост и еманципација на жените“. Таа се осврна на унапредувањето на вклученоста и лидерството на жените во градењето на мирот и менаџирањето на конфликтите.

-Жените имаат многу важна улога, учествувајќи во мировни преговори и во процесите на донесување одлуки. И, тука не зборуваме за бројки, туку за клучни вредности и квалитет. Зборуваме за градење и позиционирање на жени – лидери кои го користат својот интелект, вештини и потенцијал за градење на одржлив мир. Клучната карактеристика на жените – лидери е нивната храброст и, тоа е нешто што можеме да го видиме секој ден преку храбрата борба на украинските жени, цивили и во униформа, за слободата на нивната држава и безбедноста на украинскиот народ, посочи Петровска.

Министерката подвлече дека не смееме да дозволиме жени – професионалци во своите области, кои работат неуморно и посветено, да останат незабележани и, дека мораме да работиме посветено за женското лидерство да биде составен и неразделен дел од современата безбедносна архитектура.  Во однос на местото и улогата на жените во Северна Македонија, министерката Петровска посочи дека и, претставува чест што води едно од покомплексните министерства – одбраната и, дека тоа треба да биде уште една гласна порака за сите млади жени да веруваат во себе и да изберат да бидат дел од одбранбениот сектор, зашто жените навистина можат да направат разлика.

-Во Северна Македонија, препознавањето на ова општествено прашање и силната посветеност на политичките чинители нè доведоа до денешните над 40 отсто жени во Македонското собрание. Ни треба и повеќе жени – министерки во Владата. Како министерка за одбрана повеќе од една година, не можам да бидам задоволна ако не видам повеќе жени на лидерски позиции и затоа ние, жените лидери мораме да мотивираме и да поттикнеме повеќе жени да бидат успешни, рече Петровска.

Министерката додаде дека во Министерството, континуирано се работи на развој на културата за родова еднаквост и родова перспектива и порача дека резултатите се видливи – на последниот конкурс за прием на питомци на Воената академија од 35 примени питомци, од кои 14 се жени. Порача дека Министерството е посветено на соработката со невладиниот сектор на ова поле.

Целта на првата работна сесија насловена „Жени, мир и безбедност: зацврстување на вклученоста и лидерството на жените за инклузивно градење на мирот и менаџирање на конфликти“ е преку размена на искуства на жени – лидери и жени кои се дел од академската заедница да се укаже на важноста и начините за надминување на бариерите во вклучувањето на женската перспектива во превенцијата на конфликтите, кризниот менаџмент и активностите за окончување на конфликти.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ