• Latest

Пировска: Затворот во Идризово треба да се затвори!

July 19, 2017

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пировска: Затворот во Идризово треба да се затвори!

July 19, 2017 14:58
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод вчерашниот извештај на Народниот правобранител, за условите во кои престојуваат осудените лица, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет.

За наодите на Хелсиншкиот комитет во врска со прекршувањата на правата на осудените лица, Пировска вели дека Хелсиншкиот комитет во последните 7-8 години нема пристап до казнено-поправните и воспитно-поправните домови, за да може да врши контрола на условите.

„Таа улога му е дадена на Народниот правобранител. Меѓутоа, до Хелсиншкиот комитет стигнуваат безброј претставки од затвореници, коишто најчесто се однесуваат на условите во затворите. Најголем дел од нив се за затворот во Идризово, кој е рак-рана кога станува збор за пенитенцијарниот систем“, вели Пировска.

Според извештајот на Комитетот, како и оној на Народниот правобранител, сместувачките услови се најгорливиот проблем, не само од аспект на хигиената, туку и од аспект на пренатрупаноста, која претставува своевиден облик на тортура, односно на затворениците не им е овозможен хуман и достоинствен престој.

„Во затворот ‘Шутка’ каде што вообичаено се спроведува мерката притвор условите се исто така многу лоши, но не добиваме такви поплаки, како што добиваме од затворот ‘Идризово’“, рече Пировска.

Таа истакна дека многу често добиваат претставки и од Женското одделение на затворот Идризово кои најчесто се однесуваат на нееднаквиот третман на затвореничките.

Пировска вели дека се надева дека со новата Влада, Хелсиншкиот комитет ќе има поголема соработка во оваа област.

„Односот на минатата власт е познат и не постоеше каков било вид на соработка со институциите коишто треба да вршат надзор“, рече Пировска.

На прашањето за условите на оние лица кои се задржуваат во полициските станици Пировска вели дека бројот на ваквите поплаки е драстично намален во изминатите години.

„Најголем број на претставки од ваков тип имаше во времето на протестите, особено на протестите на Шарената револуција, кога Хелсиншкиот комитет забележа голем број на пречекорувања на службените овластувања на полицијата. За инцидентот од студенсткиот дом ‘Кузман Јосифовски Питу’, ние поднесовме и кривична пријава, но сè уште немаме никаков одговор“, ни изјави Пировска.

„Морам да напоменам дека постои одредена промена кога станува збор за повредите на правата во полициска постапка. Но, она што се случува во затворите, и особено во затворот во Идризово е нешто на што мора да му се стави крај! Затворот во Идризово треба да биде затворен! Треба да се најде друга локација, потполно нова зграда“ вели Пировска.

Во однос на изминатите два месеца по падот на Груевски – дали во тој период се забележани некои поголеми промени, Пировска вели дека станува збор за долготраен процес на кој Хелсиншкиот комитет интензивно ќе работи во наредниот период.

„Тоа е процес, тоа е многу долг и комплексен процес, затоа што тука има сериозни финансиски импликации. Ќе мора да се направи план како дел од установите да се средат, некаде мислам дека ниту реновирањето не може да помогне. Друг голем проблем се и самите судии, коишто многу ретко ги користат алтернативните мерки, а многу често ја употребуваат мерката притвор. Тоа е еден мозаик којшто не може да се разгледува посебно“, заклучи Пировска.

Маја Ивановска

Камера: Дехран Муратов

Tags: затвореницизатворинехуманостУранија ПировскаусловиХелсиншки Комитетчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ