На пеколни горештини од околу 40 степени Целзиусови, симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно протестираат пред Кривичниот суд, по обвиненијата што вчера ги покрена Специјалното јавно обвинителство. На протестите пред судот, демонстрантите седат во своите автомобили и го блокираат булеварот. Десетина автомобили ја блокираа улицата пред судот.
Истекува рокот од 24 часа во кој Кривичниот судот треба да донесе одлука по барањата за притвор и за мерки за претпазливост против дел од обвинетите во случаите на СЈО. Судот треба да одлучи за барањата за притвор и мерки за претпазливост за повеќе поранешни министри и функционери од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и за поранешниот премиер Никола Груевски. Од утрово, околу судот може да се забележи присуство и на специјални полициски единици.
Дел од медиумите пренесоа изјава на в.д претседателот на скопскиот кривичен суд, Стојанче Рибарев, според кого, најверојатно ќе се пречекори рокот за да се донесат некои одлуки.
Неколку стотини поддржувачи на раководството на ВМРО – ДПМНЕ и на синоќешните протести пред судот, беа нерасположени и највулгарно одговараа на новинарските прашања, повремено скандирајќи „Нема да ви помоне!“