• Latest

Платформа за родова еднаквост: Мора да има забрана за вршење на лекарска дејност за гинекологот Асани

February 3, 2023

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Платформа за родова еднаквост: Мора да има забрана за вршење на лекарска дејност за гинекологот Асани

Условната казна за струшкиот гинеколог кој со години работел „на црно“ покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни „пет пари“. Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора., велат од Платформата за родова еднаквост на која се потписници 28 Здруженија.

February 3, 2023 10:44
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително, фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик“., стои во соопштението на оваа Платформа.

Според нив, и покрај наодите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој уште пред две години изврши вонреден надзор на ординацијата, по што и поднесе кривична пријава, и силните реакции на граѓанските организации, Лекарската комора до ден-денес не му ја одзеде лиценцата за работа на гинекологот меѓу чии пациентки е и Јелдз Веапоска.

За потсетување, гинекологот Асани нелегално ѝ ја водел бременоста во својата домашна ординација, а при породувањето во струшката болница, заведено во официјалната документација како стандарден оперативен зафат, ѝ извадил матка, бубрег и јајник.

„Оттука, со голем револт констатираме дека на ваков начин, и Судот и Лекарската комора застануваат во одбрана на нелегалната здравствена пракса во земјава. Условувајќи го казнувањето на нелегалното работење со чекање да се случи дополнително кривично дело, тие не само што ја одржуваат културата на неказнивност туку и недвосмислено ја поддржуваат системската негрижа за здравјето на жените – наместо лавовски да се борат против неа.Пристапот до нелегални здравствени услуги секојпат носи огромен ризик по здравјето на луѓето, што го потврдува и случајот со Веапоска за што Асани исто така кривично се товари“., сметаат тие.

Оттука, Платформата за родова еднаквост бара:

„Доколку по вака донесената првостепена пресуда се поднесе жалба и предметот е даден на решавање на Второстепен суд, истиот задолжително да изрече дополнителна споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, во најдолгото времетраење превидено во Кривичниот законик;

· Основното јавно обвинителство да поднесе жалба и да побара построга казна;

· Доколку вака донесената првостепена пресуда е конечна, во постапката во која гинекологот Мухамед Асани се товари поради тоа што при царскиот рез, на Јелдз Веапоска ѝ извадил три органи, а чие следно рочиште е закажано за 10 март, покрај главната казна, задолжително да биде изречена и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;

· Лекарската комора да се одважи и по вчерашната пресуда конечно да му ја одземе лиценцата за работа на гинекологот;

· Министерството за здравство во соработка со надлежните инспекторати и институции итно да излезе на терен и проактивно да се вклучи во откривање и стопирање на нелегалните ординации и покренување постапки против лекарите кои работат „на црно”.

Здравјето на жените мора да биде врвен приоритет за сите институции и за Лекарската комора: затоа, случаи на нелегални ординации кои се потенцијални „касапници” не смеат да се повторат во иднина!“

Членки на Платформата:

1. Tiiiit! Inc.

2. Бори се женски

3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО

4. Здружение женски форум

5. Здружение за еднакви можности Семпер

6. Здружение за локален рурален развој

7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје

8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска

9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ

10. Здружение за едукативен развој ЕКВАЛИС

11. Институтот за општествени и хуманистички науки

12. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје

13. ЛезФем

14. Мрежа за заштита од дискриминација

15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

16. Националниот совет за родова рамноправност

17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС)

18. Организација на жените на општина Свети Николе

19. Организација на жените “Кумановка“

20. Реактор – Истражување во акција

21. Рурална Коалиција

22. Стела

23. ТАКТ

24. Хелсиншки комитет за човекови права

25. ХЕРА

26. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

27. Хуманитарно Здружение „Мајка“

28. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)

Платформа за родова еднаквост

Tags: ВеапоскаМухамед АсаниОЈОПлатформа за родова еднаквост
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ