По повод Денот на поезијата, на 21 март, граѓанките и граѓаните ќе може со поезија да платат кафе во кафулињата Лофт, Мајдан, Наргиле, Фонтана, Дион, Центар бар, Баду бар, Џус бар, Сквер 21 во Скопје и Чао кафе во Велес, преку традиционалната кампања „Плати со поезија“ на Јулиус Мајнл.
Од 2015 година, секоја година, 21 март е резервиран за тие кои уживаат во кафето и лицата кои трагаат по скриената поетика во себе. Веќе 4 години по ред овој настан се организира во Македонија и има за цел да го долови духот на бројни уметници преку поттикот и инспирацијата за создавање на стихови кои вродуваат со уникатна поезија.
Голем број на локации се вклучија во поддршка на „Плати со поезија“ низ годините и уште толку поети го негуваат духот на овој ден преку дружење со обожавателите на кафе и љубителите на поезијата.
Д.М.