• Latest

По 23 години Тетово повторно домаќин на Деновите на македонската фотографија

June 10, 2018

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

По 23 години Тетово повторно домаќин на Деновите на македонската фотографија

June 10, 2018 11:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со изложба на 101 фотографија од 43 автори, во Тетово се отворени 56. Денови на македонската фотографија. Изложбата е поставена во националната установа „Галерија“ во стариот турски амам, а ќе може да се види до четврток. Со ова, по 23 години Тетово повторно е домаќин на наголемата државна изложба на фотографии.

Според  претседателот на  Фото сојузот на Македонија Боро Рудиќ, 56. издание на Деновите на македонската фотографија е доказ дека оваа манифестација е меѓу најдолготрајните континуирани, без ниту еден прекин манифестации во земјава.

Тој смета дека во услови кога дигитализацијата масовно го зголеми бројот на фотографи и овозможи тие секојдневно да се снимаат, вакви изложби претставуваат мали бисери.

– Со печатењето, авторот го затвора својот авторски чин. Со изборот на хартија, текстура, формат, тоналитет, колорит тој го претставува тоа што го гледа или го има видено во текот на снимањето на фотографијата. Гледачот може да застане прет отпечатеното и да го гледа половина час, да дојде утре и пак да ужива во чувството што му го создава отпечатената фотографија. Тоа е разликата меѓу ова што го гледаме тука, во оваа галерија, и фотографијата што ја гледаме на нашите компјутерски екрани каде со еден клик преминуваме на друга фотографија или некоја информација што ќе ја уочиме во тој момент заборавајќи ја фотографијата во дел од секунда, рече Рудиќ.

Покрај Фото сојузот на Македонија, коорганизатор на Деновите на македонската фотографија е и Фото групата „Чкрап“ од Тетово. Нејзиниот член Зоран Андонов беше дел од тричленото жири за избор на фотографиите од изложбата.

– Жирирањето секогаш се сведува на субјектиниот поглед кон естетиката на фотографијата. Јас, Раде Луковиќ и Филип Филиповиќ моравме да прегледаме и оцениме над 300 фотографии од  64 автори кои пристигнаа за годинашниве Денови на македонската фотографија и да го одбереме тоа што според наше мислење е најдоброто за оваа манифестација. За некои фотографии долго дискутиравме, разменувавме аргументи за и против но за некои добри фотографии сите тројца бевме едногласни. Особено за оние што ги добија наградите. Како жири бевме исклучително задоволни што годинава пристигнаа и многу извонредни фотографии особено од млади автори кои допрва ќе се афирмираат на полето на фотографијата во Македонија, изјави Андонов.

Наградените фотографии беа поделени во три категории при што кај поединечната фотографија во сениорска конкуренција првата награда ја доби Драги Неделчевски од „Чкрап“, во истата категорија во младинска конкуренција првонаграден е Стефан Ѓоргиевски од Фото кино клубот Битола, а во категоријата колекција фотографии, првата награда ја доби самостојниот автор Дејан Колевски. (МИА)

Tags: Деновите на македонската фотографијаизложбаПо 23 годиниТетово
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ