• Latest
Црта: Мирослав Стојановиќ - Шуки

По 29 октомври тоа што е јасно – ќе стане појасно!

October 23, 2017
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израелските тенкови навлегуваат во една од најгусто населените станбени области во Газа

September 18, 2025
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

По 29 октомври тоа што е јасно – ќе стане појасно!

October 23, 2017 14:57
in ПОЛИТИКА
Црта: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Црта: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Share on FacebookShare on Twitter

Сигурни во својата победа СДСМ не чекаа многу да продолжат со својата кампања, онаму каде застанаа. Нормално, со фокусот насочен кон 18 општини каде пред сѐ опоненти им се кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДМНЕ. Не дека останатите не им се битни, ама ако главнината ја освојат, многу ли е за очекување дека во духот на транспарентноста и солидарноста, останатите ќе ги препуштат на ДУИ, Сојузот на Ромите на Македонија и независниот кандидат за градоначалник на Могила, Стево Пивковски.

Но, дека изборите беа сјајни, кристално чисти, не беа, меѓутоа појасно од бел ден беше чија ќе биде круната.

ВМРО-ДПМНЕ со последни сили, на антидепресиви, се обидува со тужби, жалби, молби, кукање и манијакално однесување да докаже дека изборите биле чист криминал на СДСМ, заедно со ДИК, со меѓународната заедница, странските служби, соросоидите, граѓанките и граѓаните што гласале спротивно од нивното убедување дека ВМРО-ДПМНЕ се најдобра опција во ерата што престои.

И додека во албанскиот блок се демантираат едни со други, се здружуваат, па се разотидуваат, ДУИ дефинитивно ветува дека на 29 октомври победата ќе биде нивна во сите 8 општини каде што имаат свој кандидат за градоначалник. Најголем противник им се Беса, ама како поискусни можат само да им „опалат по една“ за да се научат на ред.

Но, ниту СДСМ не се толку наивни, па од централно официјализирана поддршка и соработка со ВМРО-НП, на локално ниво практично ја применија во Штип, како доволна разлика за победа на Благој Бочварски.

И од многу „паметен“, Илчо во очај да ја задржи удобната фотелја, избрзано асфалтира улица, една од оние калливите. Доволно брзо да добие кривична пријава, за така фин и убав гест.

СДСМ со слободарски речник, истите фрази и победнички манир продолжи да ги потхранува душичките на оние што останаа во вториот круг, со централистички говори прилагодени за локални проблеми.

Ништо ново на запад, исток, север и југ, што би се рекло црвено си е црвено, живот ли е, ера ли е, граѓанки и граѓани или бројки и статистики.

Важно е да се победи и важно е да се знае кој треба да победи.

Целта ги оправдува средствата?!

А во меѓувреме, тоа што во вашата општина нема втор круг на гласање, не значи дека не треба да дадете свој придонес во кампањата, и на едните и на другите и на останатите, па ако не на друго место, на Фејсбук сигурно имате пријатели од Кратово, Старо Нагоричане, Чешиново-Облешево, Пробиштип…

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕвтор кругДУИкампањаСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ