• Latest

По акцијата на ГП „Табановце“, кривични пријави заработија 12 полицски службеници

December 27, 2022
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

По акцијата на ГП „Табановце“, кривични пријави заработија 12 полицски службеници

Објавена снимка од претресот на „Табановце“: Полицајците ги соблекуваа и чорапите, најдени околу 20 000 евра

December 27, 2022 10:49
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Против 12 лица вработени во Полициска станица за гранични проверки – Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поднесена е кривична пријава за „злосторничко здружување“, „примање поткуп“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

– Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Единица за корупција вчера до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 12 лица, и тоа: И.Н. (47), А.А. (41), Н.П. (40), Д.К. (43), В.Ф. (39), Х.К. (29), М.Ј. (28), Ф.К. (23), Ф.И. (36), А.Д. (28), Ј.Н. (38), сите од Куманово и А.С. (24) од Кратово, вработени во Полициска станица за гранични проверки – Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење на основани сомненија дека ги сториле кривичните дела „злосторничко здружување“ по член 394, „примање поткуп“ по член 357 во врска со член 23, „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 во врска со член 23 од Кривичниот законик, информираат денеска од МВР.

Оттаму посочуваат дека во рамки на криминалистичкото истражување од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради сознанија дека на Граничниот премин „Табановце“ од страна на група полициски службеници на организиран начин се вршат инкриминирани дејствија со коруптивни елементи и во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, во соработка со Одделот за специјални полициски операции – Единица за брзо распоредување на 25-ти овој месец биле извршени претреси во службените простории на на Граничен премин „Табановце“ и во домовите на дел од кривично-пријавените.

– По спроведената истрага за командирот, заменик командирот и за 10 полициски службеници во Полициската станица за граничен премин – Табановце, меѓу кои и раководител на смена, беа обезбедени материјални докази за нивна инволвираност во криминални активности, а при спроведените претреси кај лицата беа пронајдени предмети за кои постојат основани сомненија дека потекнуваат од кривични дела преку примање поткуп и злоупотреба на службената положба и овластувања, се наведува во соопштението од МВР.

Членовите на оваа организирана криминална група, како што посочуваат од МВР, активно дејствувале на Граничниот премин „Табановце“ од септември 2020 година, како злосторничко здружување, при што за одредена парична награда, подароци и поволности кои ги добивале од лицата кои ја преминувале државната граница, координирано не преземале службени дејствија кои биле должни да ги преземат, при што се стекнале со голема противправна материјална и имотна корист.

– Секој член на оваа криминална група имал точно определена улога, при што И.Н., А.А. и Н.П., со умисла ги поттикнувале полициските службеници Д.К., В.Ф., Х.К., А.Д., Ф.К и Ф.И. да вршат кривични дела, овозможувајќи им полесно функционирање, заштита од контроли и проверки и други поволности при работењето, а од коруптивните кривични дејствија добивале соодветен процент од „заработката“ во текот на денот. Кај пријавените А.С., Ј.Н. и М.Ј., пак, при извршените претреси е пронајдена одредена сума на парични средства која не смееле да ја поседуваат додека извршуваат работни задачи во кабината за гранични проверки, при што го сториле кривичното дело „примање поткуп“, се посочува во соопштението.

Од МВР информираат дека при претресите извршени на 25-ти овој месец по наредба од судија на претходна постапка, над лица, во нивните домови, останати поростории и возила, пронајдени и одземени биле вкупно 16.413 евра во различни апоени, 219.195 денари, 60 швајцарски франци и 375 српски динари. Најголема количина пари биле пронајдени при претресот кај Х.К., односно вкупно 15.885 евра и 30 швајцарски франци. Исто така, при претресите беа пронајдени и 23 парчиња муниција од 9 милиметри, подароци и други предмети кои ќе бидат користени во кривичната постапка.

По извршените претреси по наредба од јавен обвинител од слобода се лишени И.Н., А.А., Н.П., Д.К., Х.К., В.Ф., А.С., М.Ј. и Ј.Н..

 

Tags: МВРполициска акцијаприведениТабановце
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ