• Latest
Добро утро со Орданоски

По друм оди, за пат праша

May 28, 2019
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

По друм оди, за пат праша

May 28, 2019 07:32
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Г[/dropcap]о гледав некни, минатиот петок, на 1ТВ, разговорот на мојата колешка Јадранка Костова со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов – човекот никогаш не сум го сретнал во животот, а слушам дека важи за близок на Заев, бидејќи е најзаслужен што во Струмица се донесе гас – како систематично објаснува какво ниво на релативен хаос оставен од претходната власт затекнал во својот ресор, илустрирајќи ги приказните за недоизградените „кинески патишта“ во Македонија со еден куп податоци за корупција, нестручност, лошо работење, уште полошо планирање и изведба, политичка демагогија… И колкав „празен од“ во неговата работа морало да се потроши за расчистување на претходните состојби, за да се стапне врз некакво „цврсто тло“ од кое можело да се продолжи со фактичка градежна работа за завршување на започнатите патни проекти.

Резултат? Сите предвидени рокови се пробиени, финансиските проекции се експлодирани, а пола нација се смее што патот од Штип за Скопје оваа власт три пати го пушта во употреба и тој пак никако да „провози“!

Приказната на Китанов мора да е илустративна за добар дел од секторите, на различни нивоа и во многу области, со кои управува оваа Влада. Но, она што кај овој г. Китанов остава впечаток е големиот вложен труд и упорноста работите да се оправат, без големи фанфари и таламбаси за сработеното. И пак работа има на претек!

Дали е тоа „фото-роботот“ по кој трага Заев за кадровската реконструкција на власта: фати се за работа, не кради, решавај проблеми и не мрчи, оти времето за изговори е поминато?

Кадровската база останата во Македонија со овој можен опис на неопходни работни и карактерни квалитети на кандидати за раководните неколку илјади функции во власта е релативно скромна. Мераклии секогаш има многу, но бројот на квалитетните кои би влегле под постоечките услови да ги решаваат проблемите на нацијата е мал – под тие услови се подразбира да се отепате од работа за скромна државна плата и секојдневно да се борите со „системот“ тој вас да не ве среди наместо вие него… И сите по дома да ги затворат своите фејсбук страни, оти ако кивнете во погрешно време и на погрешно место додека сте на функција, разулавената толпа на социјалните мрежи ќе ве расчеречи и пред да дознае дали кивате од настинка, од алергија или од навика.

Ќе видиме колку последнава политичка и кадровска шок-терапија што ја применува Заев во партијата ќе се спроведе и ќе даде резултати и во државата. СДСМ се бори и со перцепцијата во македонската јавност дека нејзините кадри се, наводно, паметни, но мрзеливи и арогантни; наспроти оние на опозицијата кои, наводно, ги краси поголема послушност и работливост, за сметка на инвентивноста. Демек, едните повеќе седеле по кафиќи и бистреле политика, додека другите меѓу народот решавале проблеми…

А потоа ги чувме прислушуваните разговори и сфативме дека ќе било подобро и вторите да седеле повеќе по кафиќи, наместо што ги решавале, своите, проблеми, до трето колено.

Всушност, и Груевски, како сега и Заев – и двајцата вонсериски воркохолици – своевремено, кон средината на долгиот мандат, посегна по обид масовно да ја разниша својата партиска структура за да се фати за работа, но тоа во ВМРО-ДПМНЕ резултираше само во партиска чистка при која решаваше критериумот на лојалноста кон лидерот (со прислушувана „телефонска“ верификација!), наспроти кон работната етика во комбинација со јавниот интерес. И воспостави систем според кој сите ќе одеа по истиот друм, а патот само тој го знаеше. И видовме како тоа заврши.

И Заев е сега влезен во истиот социјален експеримент, на пат да утврди дали системот ги прави луѓето или луѓето можат да го сменат системот? Односно, дали вистинските луѓе можат да го променат погрешниот систем? Лабораторијата се вика Македонија.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share300Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ