• Latest

По македонските калдрми кон Европа

November 9, 2020

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

По македонските калдрми кон Европа

November 9, 2020 16:43
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ

Она што е карактеристично за ЦИВИЛите е тоа што не знаат да мируваат и да седат во канцеларија. Дури и во време на пандемија од Ковид-19, секако почитувајќи ги сите препораки и мерки за заштита од вирусот, ЦИВИЛ посети десетици општини промовирајќи ги европските вредности.

Тетово, Гостивар, Кратово, Старо Негоричане, Центар Жупа, Вевчани, Ростуше, Струга, Охрид, Неготино, Кавадаци, Росоман, Крива Паланка, Кочани, Штип, Виница, Карбинци, Битола, Прилеп, Могила, Новаци, Струмица, Босилево, Ново Село, Свети Николе, Кичево, Ресен… се само дел од рутата. Читајќи гласно кај се бевме, во момент се почуствував како Влатко Ѓорчев кога во минатото набројуваше во кој град победија… (ми останаа трамуми од детството).

Њузлетерот „Европа е наш дом“, или народски кажано мини весниче за промоција на европските вредности беше разделен на илјадници граѓанки и граѓани ширум земјата.

Додека го поставуваме инфо штандот во Тетово, една госпоѓа гласно искоментира: „Европа е наш дом“ ви пишува на банерот, тоа е убаво, но ние како ќе станеме европски граѓани кога ниту маски не носиме. Не носам маска, а сакам во Европа… Си замина со чувство на вина и самокритика. Со колегите искоментиравме: „Нема подобра критика од самокритика. Со вакви совесни граѓан(к)и сме на добар пат кон ЕУ“.

„Европа е наш дом“ во Тетово

Патувајќи од Струга кон Дебар, прекрасната природа го остава човек без зборови. Застанавме да ја видиме браната Глобочица која е доста живописна, а она за што треба гласно да се зборува е речиси пресушените езера и реки кои се гледаат покрај патот. Но, за тоа во наредна прилика.

Во Дебар, празни локали и продавници, млади лица скоро да нема. Постарите граѓани застануваа на инфоштандот да се информираат за тоа што делиме, и најчестите коментари беа: „Европа“ ви се вика весничето. Како да ви кажеме, сите ние сакаме да одиме во европските земји, знаеме како се живее во Европа, деца имаме таму“.

Следна дестинација ни беше Центар Жупа, таму ништо не се смени од последниот пат кога го посетивме тоа место. Истите кафулиња и чајџилници. Празни улици, огромни куќи зјаат празни, освен во неколку куќи се гледа запалено светло или оџак што чади.

Граѓаните што ги сретнавме во Центар Жупа истакнаа дека нема куќа што нема барем еден член од семејството што не е во некоја европска земја или Америка.

„Без Европа сме никој и ништо. Јас 30 години живеам и работам во Швајцарија, а сега зимам 2.5 ијлади франака пензија. Тука со 200 евра луѓето живеат, а мене толку пари не ми стасуваат ниту за бензин. Ако сакаме подобро да живееме мораме да станеме дел од Европа, бидејќи ако Европа не дојде кај нас, ние ќе одиме во Европа, како што и најголем дел од жителите од оваа подрачје веќе се заминати таму.

Откако тргнавме со автомобилот да заминеме за Ростуше, дел од граѓаните ни мафтаа да застанеме. За момент помисливме да не се случи нешто, отвараме прозор од колата да прашаме што е работата, а еден од вработените во чаџилницата се доближи до автомобилот и ни вели: „Да се симневте да се напиете кафе, чај, сок, било што. Дојдовте дури од Скопје“. Не се симнавме, моравме да заминавме за Ростуше, но нема поубаво чувство некој да те понуди кафе и домаќински да те дочека и испрати.

„Европа е наш дом“ во чајџилница во Центар Жупа

Стасавме во Ростуше, на почетокот од општината нè дочека глетка од некоја стара куќа, која за жал не дознавме за каков објект се работи. Спротив неа, се наоѓа стара џамија, веројатно стотици години стара. Сликата во Ростуше не беше ништо поразлична од Центар Жупа.

„Вие сте од ЦИВИЛ ве познавам“, вели еден граѓанин, кој за момент престанал да цепе дрва кога се доближивме да му дадеме нузлетер. Се зачудивме од каде нè познава, но истовремено бевме горди дека не нè заборавиле од последниот пат кога бевме во таа општина. За момент ги сменивме улогите, ние од ЦИВИЛ им ги зедовме секирите и исцепивме неколку дрва, додека тие одмараа и го читаа весничето „Европа“.

На неколку километри од Ростише се наоѓа манастирот „Св. Јован Бигорски“, му велам на Горан – сакаш да одиме до манастирот, многу е убав, јас бев пред 10 години додека студирав? Се согласивме да одиме до манастирот, а при враќање назад Горан и вели на Мелиса: „Да му кажам на некој дека Деки кој е муслиман, ме натера да одиме да го видам манстирот Бигорски, нема да ми веруваат“.

Поглед од манастирот „Св. Јован Бигорски“

Плоштадот „Срмале“ во Велес кога би имал уста да проговори колку пати поставивме инфо штанд и разговаравме со граѓан(к)ите за нивните проблеми, ставови за одредено прашање… Делејќи им њузлетер „Европа е наш дом“ дел од граѓаните велат: „Во Европа ќе одиме само кога ќе се намали корупцијата и кога ќе проработи судството“. Истото мислење го делеа поголемиот дел од граѓаните речиси во сите општини.

Граѓаните од Кавадарци и Неготино нагласија дека треба да се намали корупцијата, или како што велат – рушветот. „Само тогаш Европа ќе нè прими, бидејќи кој сака арамии да им влезат дома. Во Европа ако влеземе нема да може секој да чепка во државната каса. Ќе има ред и дисциплина. Ќе одговара секој што згрешил, без разликаа кој е и што е. Во Европа полицаецот го казнува и брат му ако погреши. Тука кај нас не е така, не се сите исти пред законот“.

За ЦИВИЛ сите се исти, без разлика кои се и што се. „Европа е наш дом“ стигна до рацете на земјоделците, социјалците, пазарџиите, пензионерите, младите… Стигна дури и до оние мал дел на граѓани кои велеа „не ни треба ЕУ, само Македонија“.

„Европа е наш дом“ во пазарчето во Росоман

Фудбалското игралиште на влезот во општина Карбинци можеби најдобро го опишува поделеното македонско општество. На старото фудбалско игралиште, има имровизиран селски пат низ кој поминуваат автомобили, трактори, камиони… Селскиот пат дијагонално го дели фудбалскиот терен, но сепак никој не го затвара или руши тој пат.

Исто е и во нашето општество, бидејќи колку и да се поделени граѓаните сепак патот низ кој треба да се оди е заеднички, а тоа е патот кон ЕУ…

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ