• Latest

По пораката на очајникот: Без колебање на патот до слободата!

June 20, 2016

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

По пораката на очајникот: Без колебање на патот до слободата!

June 20, 2016 13:32
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Пастирот испрати порака дека на народот му врие и дека нема уште долго да можел да ја држи ситуацијата под контрола.

Веднаш потоа, пристигнуваат вести дека Пастирот подготвува „спонтани скуп гдомова“ во Скопје, во одбрана на “транспортерот” Талески, исчезнатиот градоначалник на Битола. И тоа, на ден кога Шарената револуција закажа голем собир по истекот на ултиматумот за исполнување на барањата кои треба да отворат пат кон еднаквост, правда, слобода и демократија.

petrit-saracini-500x500-1-1-200x200
Пишува: Петрит Сарачини

Пораката е примена, намерата е очигледна. Порака на очајник, кој за неговите криминали и криминалите на неговите “соработници”, сака да втурне во крв цела држава.

Е па, „убав“ повод, таман за младичот со кристалната топка, во ова време кога гатачите се мошне актуелни, да испрати неколку пораки до неколку општествени групи на граѓани.

Прво, до оние што ќе се качат во автобусите на пастирот, „милом или силом“: Не дозволувајте вие да го плаќате цехот на криминалците! Кога ќе дојдете во Скопје, преминете на страната на слободните граѓани на Македонија! Избркајте ги началниците, не дозволувајте за еден грст бандити да ви пропадне ем партијата, ем државата!

До полицијата: Сте се заколнале дека ќе им служите на граѓаните, суверените во оваа држава, на Уставот и законите, а не на началниците и на Пастирот. Во овие денови можеби ќе треба да докажете дали ви држи зборот и заклетвата, дали сте ЕБР, ПЕП, „Тигри“, полицајци на Република Македонија, или единица “чавчиња”, односно џандари и слуги на началниците и диктаторчето.

До моите сограѓани и сонародници Албанци: Можеби изгледа дека мечката игра оро на друго место, но минатото на Николче покажува дека тој сака да ги крши непријателите еден по еден. Ден не поминува, без неговите „соработници“ да не  направат некое антиалбанско  дејствие, во очекување на “второто полувреме”. Сервилната политичка класа на Албанците го лаже народот дека тоа не е негова битка, додека се крадат парите од буџетот што речиси 40% го полнат Албанците, а населбите каде што живеат тие се како во средниот век. Затоа, ајде да ја свртиме играта. Да им излеземе на мегдан и да се соочиме со Груевски и неговите измеќари, да ја поддржиме Фатиме Фетаи, да излеземе во своја одбрана, уште од денес да почнеме да работиме посветено за да се постигне она што го заслужуваме – еднаквост, правда, слобода, демократија!

До сите оние што беа на улиците сето време, и сите оние што се против ова лудило и ропство: Деновиве се решава судбината на земјата, затоа сите на улица – најрешителни, најгласни, најбројни! Нека му се тресат гаќите на Пастирот, додека граѓаните доаѓаат по своето!

Дека не се плашиме, им покажавме и вчеравечер, кога си го расипаа роденденот, обидувајќи се да ни ги апсат соборците. За половина час им се собра народ, а нашиот соборец Павел Богоевски беше пуштен на слобода. По нашите силни протести, се повлече аболицијата, се случи Пржино, паднаа оставките на бате Саше, Миле – „ми текна“, Јанкулоска… Јасен е начинот како се игра оваа игра со началниците.

Затоа, не смееме да се колебаме на патот до слободата. Денес и деновиве, и да не се случи ништо спектакуларно, секој мал чекор во полза на победата на граѓаните – е посакуваниот исход. Мора да нé биде, или нема држава. Или ќе „уцвикаат“ криминалците и бандитите и ќе се отвори патот, или ќе „уцвикаме“ и ќе не изеде мракот.

Tags: ГДОММакедонијаНикола ГруевскиПетрит СарачиниСЈОЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ