• Latest

По реакциите во јавноста, власта се предомисли: Ќе ги лимитира цените на производите

September 2, 2024

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

По реакциите во јавноста, власта се предомисли: Ќе ги лимитира цените на производите

September 2, 2024 11:38
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владата подготвува анализа за да ги намали  трошоците на родителите на стартот на учебната година и утре на седница ќе усвои мерка за лимитирање на цените на производите, најави денеска премерот Христијан Мицкоски.

ЦивилМедиа минатата недела пишуваше токму за ова прашање за тоа дека новата учебна година повторно ги сретна родителите со високи трошоци на основните потребни производи за нивните деца кои што во септември треба да ја почнат новата учебна година.

Имено за ЦивилМедиа еден од родителите изјави дека стравот од новите бројки заболени од Ковид-19 ја враќаат во времето на онлајн наставата, за која вели нема финансии за три компјутери доколку тоа се случи.

Друг загрижен родител ни изјави, „Оваа учебна година имаме нов предизвик, едно од трите деца ќе тргне во средно, и не знам како ќе се адаптира и како ќе биде прифатена од наставниците со оглед на тоа дека се запиша со потешкотии, односно ‘не се запиша во средното во Шутка’ како што ни беше ‘посочено’ од надлежните во училиштето кое нема да го спомнам од оправдани причини. Дополнителни предизвици ќе бидат обезбедувањето храна, обувки, облека, училишен прибор, бидејќи имам три деца. Се надевам дека нема повторно да имаме некоја корона, бидејќи немаме средства да набавиме три лаптопа или компјутери“, вели таа.

„Друг проблем е превозот до и од училиште. Да не зборувам за безбедноста во училиштето, автобусите, улиците“, додава мајката за ЦивилМедиа.

Владата не кажа што планира да преземе во врска со старите искинати учебници кои децата ги добиваат секоја година.

Но, ако учебниците се „чиста лотарија“, за една мајка, проблемот е уште поголем со хигиената во училиштата.

„Не знам од каде да почнам. Имам две деца во основно училиште, едното во четврто, другото во седмо одделение. Да ги спомнам учебниците? Чиста лотарија! Може еден учебник да биде и релативно нов, но има и толку распарталени учебници, што не може да се употребат. Каков мотив ќе има детево да учи, ако фалат страници, ако се измастени и искинати? За глупостите во учебниците и да не зборам! Башка што нема учебници за сите предмети. Онаа па, нека учат децата од серии! Па нека седат дома тогаш децата! Уште поголем проблем – хигиената во школото е катастрофа. Ние плаќаме за тоалетна хартија и што уште не. Ништо реално не прават за да го спречат булингот. Да набројувам уште? Мислам, стварно ми се превртува утробата мене, а камоли на децава пред да тргнат на школо. Се менуваат влади, ама школството останува или исто или само полошо“, вели нашата соговорничка, мајка на две деца која не сакаше да го открие својот идентитет.

Сепак, ако за некои финансискиот товар не е посебно загрижувачко прашање, тогаш немањето услови за целодневна настава секако е голем проблем. Целодневната настава им го олеснува проблемот за згрижување на децата додека родителите се на работа, но таа услуга не е доволно достапна.

Овие состојби, како што рекоа повеќето родители, соговорници на ЦивилМедиа, се хронични и ги погодуваат сите, а најмногу децата. Досега, сè останува само на празни ветувања за „стратегии“ и „реформи“, но стандардите остануваат исклучителни ниски.

На првиот училишtен ден, Мицкоски во посета на ОУ „Стив Наумов“ рече дека се подготвуваат да го олеснат трошокот на родителите за успешен старт на учебната година со лимитирање на цените на производите кои се најпотребни.

– Правиме анализа на сите трошоци и мислам дека во текот на денов ќе биде готова и утре на седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите  кои се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, но и периодот после летото да можеме да го поминеме, изјави Мицкоски.

Детали за новата мерка најави дека ќе бидат соопштени утре на прес-конференција по владината седница.

А. М.

Tags: владатрошоциучебна годинаучебници
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ