• Latest

По ЦИВИЛ и ДКСК утврди црна кампања, продолжуваат промотивните изборни кампањи, но и меѓупартиското препукување

September 22, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

По ЦИВИЛ и ДКСК утврди црна кампања, продолжуваат промотивните изборни кампањи, но и меѓупартиското препукување

September 22, 2021 23:03
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

И денес попладне не мируваа партиските активности и комуникации во предизборието, насочени кон промоција на сопствените понуди, но и напади врз политичкиот противник.

ДУИ ЈА ПОФАЛИ ФИСКАЛНАТА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА

ДУИ излезе со соопштение до медиумите и на официјалната страница, во кое ја фали фискалната децентрализација. Според нив, предлог-Законот усвоен од Владата ќе го подобрат фискалниот капацитет и приходите на општините преку постепен раст на приливот од ДДВ и персоналниот данок, со цел поголема финансиска независност и стабилност на општините.

АА БАРА ОД ЗОРАН ЗАЕВ ДА ГИ ОТСТРАНИ КАЗИНАТА

Активисти на Младинскиот форум на Алијанса за Албанците од Гостивар, објавија видео со отворено писмо до премиерот Заев прочитано пред Владата, во кое го повикуваат да ги отстрани казината во градот, а наместо тоа да ги отвори затворените училишта.

ВМРО-ДПМНЕ СО ОБВИНУВАЊА ЗА ТЕНДЕРИ, СДСМ ВРАТИ ДЕКА СЕ ПЛАШАТ ОД ЗАКОНОТ ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТОТ

ВМРО-ДПМНЕ денес упати обвинувања и кривични пријави, за градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, од редовите на СДСМ, како и за тендер за водоводната мрежа на „Варшавска“ кој според партијата бил наместен. Лидерот на партијата Мицкоски имаше гостување во живо на ТВ Шења.

СДСМ, пак, смета дека со денешната нервозна реакција, ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на корупција и криминал, го покажала стравот од Законот за потекло на имот, со кој, освен актуелни, ќе бидат опфатени и поранешни државни функционери. Затоа е стравот во белиот дворец, кој е полн со oсудени лица или лица против кои се водат судски процеси за коруптивни дејствија.

ДКСК: СЕТО ОНА ШТО НЕ Е СО ЗАКОН ЗАБРАНЕТО, СЕ КОРИСТИ ЗА ПАРТИСКИ АКТИВНОСТИ ПРЕД ОФИЦИЈАЛНИОТ ПОЧЕТОК НА КАМПАЊАТА

Еден ден по прес конференцијата на ЦИВИЛ (21 септември), црна кампања во изборниот процес констатира и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Потпретседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Катица Николовска на јавната дебата „Локални избори 2021 – Интегритет на изборниот процес и интегритет на учесниците” во организација ДКСК, се осврна на негативната кампања. Според неа, во кампањата, наместо да се зборува за тоа што се планира за во иднина, се фокусира на создавање црна слика за личноста, а со тоа на партијата. Николовска забележа и дека со користење на новите технологии за кампањи, како што се социјалните мрежи и интернет портали, тие  најчесто се употрбуваат за црна пропаганда, за оцрнување на некоја личност, односно за членови на ривалските партии.

Николовска истакна и дека поради тоа што речиси секоја година се одржуваат некакви избори, партиите стануваат доминантни во секојдневниот живот на граѓаните и влијаат врз креирање на мислењето или на нивното однесување.

„Ако политичките партии се креатори на начинот на живеење и однесување во една држава преку законите кои ги креираат и ги носат, и како и сите други треба да ги почитуваат и применуваат, зошто пред секои избори се изнаоѓаат начини, и сето она што не е со закон забрането, станува редовна пракса за промовирање на некои проекти, партиски активности и пред официјално да започне изборната кампања“, праша Николовска.

И НЕРАБОТНИОТ ДЕН НЕДЕЛА, ДЕЛ ОД ПАРТИСКИТЕ ПРЕПУКУВАЊА

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкции, блокади и кочења на важни законски измени. Вчера на седницата на Комисијата за труд и социјална политика, ВМРО-ДПМНЕ го опструираше носењето на измените и дополнувањата на Законот за работни односи.

„Со овие измени кои треба да стапат на сила на први октомври, недела станува неработен ден за сите оние кои сакаат да бидат со своите семејства. Наместо да работат за она што се платени, да им служат на граѓаните и државата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните, тераат политиканство заради лични и партиски интереси. Со ваквиот однос јасно е дека им следува нов седми пораз од граѓаните кои одново ќе ги поразат ваквите погубни и неодговорни политики на ВМРО-ДПМНЕ и неговите пратеници“, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека пратениците од мнозинството се тие кои што ја опструираат работата на Комисиите преку цензура на пратениците од опозицијата.

„Оттука, сакаме да нагласиме дека нашата намера беше на Комисијата за труд и социјална политика најпрво да се дискутира за вистината и да се утврди одговорноста за катастрофата која што се случи во болницата во Тетово. Таа е темата за која што треба да дискутираме. Очигледно, тоа некому му пречи. Очигледно, некому вистината го боли… Господа од СДСМ, имавте доволно време, имавте цели четири години да покажете на работниците, но и на сите останати граѓани дека навистина се грижите и работите за нивните интереси, но вие го докажавте токму спротивното“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПО ОТКАЖУВАЊАТА ВО КИЧЕВО И ЧАШКА, АА БАРА ПОДДРШКА ВО БРВЕНИЦА

Од Алијанса за Албанците ги повикаа албанските гласачи во општина Брвеница да ги подржат, бидејќи тие се откажаа од кандидатите во Кичево и Чашка, заради кандидатот на ДУИ.

„Потсетуваме дека според договорот од 2017 година, кој зависеше од резултатот на листите за советници, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива го повлече кандидатот во Кичево, додека за да го задржиме истиот интерес, се повлековме и од Чашка каде што не поставивме кандидат. ДУИ не само што не се повлече од Брвеница, туку таму се кандидираа двајца кандидати, што го прифати и самиот Бујар Османи.

Во оваа ситуација, наоѓајќи се пред опасна ситуација создадена од ДУИ, ги повикуваме албанските гласачи во Брвеница да не помогнат во ова сценарио што оди на нивна сметка, туку да се обединат околу кандидатот на Алијансата за Албанците за да обезбедат транзиција кон вториот круг и победа. ДУИ ќе мора да сноси политичка одговорност откако таквата игра ќе биде демаскирана“, велат од Алијанса за Албанците.

ГРАЃАНСКИ СОВЕТ НАСПРОТИ ПАРТИСКИ СОВЕТ

Од независната советничка листа Шанса за Центар велат дека сакаат да ја сменат досегашната пракса која  покажа дека советниците сметаат дека се избрани од партиите и таму треба да го даваат отчетот за нивното делување кое треба да е само во интерес на партијата.

„Силен и квалитетен граѓански совет може да носи подобри одлуки наспроти совет кој е само гласачка машина на градоначалникот“, велат од Шанса за Центар.

ПОВИК ЗА КРАТКОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ НА ЦИВИЛ

Остануваат уште осум дена до истекот на рокот за пријавување на повикот за краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ. Заинтересираните можат да се пријават на едноставната онлајн апликација што може да се пополни за само неколку минути и од мобилен телефон. Резултатите ќе бидат познати на 3 октомври, по што веднаш ќе се организираат и обуки, во согласност со заштитните мерки од Ковид-19. Пожелно е сите набљудувачи да се вакцинирани со две дози вакцина против Ковид-19.

ЦМТ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ