Categories

ИН МЕМОРИАМ Почина Кит Флинт легендарниот фронтмен на „Продиџи“

Кит Флинт, легендарниот фронтмен на бендот „Продиџи“ почина на 49 години во неговиот дом, пишува Гардијан.

 

Полицијата стигнала во домот на музичарот во Есекс во 8 часот утрово, откако било пријавено дека „постои загриженост за неговата состојба“, објави Гардијан.

Флинт бил најден мртов во куќата, а полицијата соопшти дека не го водат смртниот случај како сомнителен. Семејството сè уште ја нема потврдено веста.

Флинт со неговите енергични настапи и впечатливи фризури ја освои публиката ширум светот.

Print Friendly, PDF & Email