Кит Флинт, легендарниот фронтмен на бендот „Продиџи“ почина на 49 години во неговиот дом, пишува Гардијан.
Полицијата стигнала во домот на музичарот во Есекс во 8 часот утрово, откако било пријавено дека „постои загриженост за неговата состојба“, објави Гардијан.
Флинт бил најден мртов во куќата, а полицијата соопшти дека не го водат смртниот случај како сомнителен. Семејството сè уште ја нема потврдено веста.
Флинт со неговите енергични настапи и впечатливи фризури ја освои публиката ширум светот.