Почина Крешник Ајдини, интелектуалец, новинар и општествен деец. Тој е еден од основачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода во 1999 година и на медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа во 2009 година.
Ајдини е основач и сопственик на Лајф Радио во 2002 година, познато по општествено одговорните содржини и пораките за мир и помирување во земјата.
Преведе голем број важни дела од албански на македонски и обратно, со што даде огромен придонес кон запознавање на двете култури.
Крешник Ајдини почина вчера, на 16 јуни, кога наполни 55 години. Погребот ќе се одржи денеска, 17 јуни, во Дебар, во 13 часот.
Собранието на ЦИВИЛ – Центар за слобода и Редакцијата ЦИВИЛ Медиа им упатуваат изрази на најдлабоко сочувство на семејството и блиските.
Крешник ќе остане засекогаш во нашите сеќавања по својата топлина, смиреност, мудрост и добрина.
Собрание на ЦИВИЛ