„Со големо жалење информирам дека предмалку почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новореденче, негативно на вирусот“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
„Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален.
Клиниката за гинкеологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, сè уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката“, нашиша Филипче на својот Фејсбук профил.
Со големо жалење информирам дека предмалку почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години. Таа на 30…
Gepostet von Венко Филипче am Mittwoch, 8. April 2020