Познатиот српски сценарист и драмски писател, Гордан Михиќ, почина на 82-годишна возраст, погребан е на гробиштата на манастирот Рајиновац, објави неговата ќерка, актерката Ивана Михиќ, преку „Твитер“, јави РТС.
Михиќ беше редовен професор на Факултетот за драмски уметности, каде предавал филмско сценарио.
Автор е на култни дела како: „Среќна Нова ’49’“, „Црна мачка, бел мачор“, „Дом за бесење“, според кои филмови снимија македонскиот режисер Столе Попов и српскиот режисер Емир Кустурица. За „Среќна Нова ‘49’“ во 1986 ја доби Златната арена за најдобро сценарио на филмскиот фестивал во Пула.
Негови дела се бројни сценарија за филмови и серии што влегоа во историјата на југословенската и српска кинематографија – „Кога ќе бидам мртов и бел“, „Врани“, „Камионџии“, „Чувар на плажа во зимскиот период“, „Враќање на отпишаните“, „Кучето што ги сакаше возовите“, „Мала ноќна музика“; „Дојде време да се проба љубов“, „Јагуаров скок“, „Сивиот дом“, „Заборавени“, „Танго Аргентино“.
Добитник е на наградата „Кристална призма“ за севкупен придонес во српскиот филм и на „Златен печат“, престижната награда што ја доделува Југословенската кинотека.