Почна ловот по Азат Омурбеков, „касапот од Буча“, ветеран неодамна благословен од Руската православна црква, за кој постои основано сомневање дека е одговорен за ужасни и масовни злосторства во предградијата на украинскиот главен град Киев, пишува Слободна далмација.
Осомничениот за масовните злосторства врз цивилите во Буча е идентификуван од украинските разузнавачки служби во синергија со „Информнапалм“, волонтерска иницијатива која ги следи активностите на руската армија и специјалните служби. Според нивните сознанија, станува збор за потполковникот Азат Омурбеков, командант на 64-та руска моторизирана бригада, која беше вклучена во окупацијата на Буча, град на околу 40 километри од центарот на Киев.
Руските трупи под негова команда садистички убиваа цивили во нивните домови во украинските градови, а имаше извештаи за брутални силувања на жени и деца во местста кои беа под руска окупација.. По повлекувањето на руските трупи, откриени се бројни масовни гробници, како и бројни трупови на отворено, меѓу кои имало целосно голи жени, со врзани раце зад грб.
„Историјата покажува дека повеќето битки ги водиме со душа“, рече Омурбеков по богослужбата, предводена од патријархот на Хабаровскво, во ноември, кога доби благослов од руската православната црква.
Оружјето не е најважно, истакна во истата прилика, изразувајќи надеж дека со благослов на Севишниот наскоро ќе ги постигнат истите резултати како и нивните предци. Колку е црна душата на Омурбек и колку е поврзана со Христовото учење, јасно сведочат масовните гробници полни со невини цивили и пејзажите на изгорената и ограбена Буча.
This is Azatbek Omurbekov, the Russian commander accused of orchestrating the rape, pillage and torture of hundreds of Ukrainian civilians in Bucha.
In November, he received a blessing from the Orthodox Church.
He said he battled not with weapons, but with his “soul”. pic.twitter.com/j0K4jTlPsh
— George Grylls (@georgegrylls) April 5, 2022
Полковникот, за кој се верува дека има околу 40 години, во 2014 година му беше доделен Медал за исклучителни заслуги од Дмитриј Булгаков, заменик-министер за одбрана на Русија. Тој сега е обвинет за организирање масовни силувања, насочено уништување на приватен имот, грабеж и убиство на стотици украински цивили. Бројот на пронајдени тела во Буча достигна 340, објавија локалните медиуми.
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников го опиша однесувањето на руските војници во Буча како „целосно нехумано“ и ги спореди со нацистите.
„Тоа е она што трупите на СС го направија во минатото“, рече тој. „Тоа може да се случи. Нашата разузнавачка служба постојано ги идентификува сите напаѓачи и убијци и секој од нив ќе го добие она што го заслужува во догледно време.
Подетални информации за Омурбек и објаснување за тоа како бил идентификуван наскоро ќе открие ИнформНапалм.
Оваа група веќе објави слики од руски војници кои служеле покрај Омурбеков, иако сите идентификувани и потоа контактирани негираа дека се одговорни за злосторства објавени на социјалните мрежи, па дури и дека биле во Украина. Но, не недостасуваат очигледните и неодамнешни лаги од империјата на Путин.
Сепак, денешната технологија дава многу поголеми можности за докажување отколку порано, дури и ако се игнорираат бројните преживеани сведоци.
подготвил Д.Мишев