Викендот на гордоста Скопје 2018 оваа година ќе се отвори со изложба на фотографии CORPUS QUEER: тела на отпор 1980-2018на светски реномираниот фотограф Дел Лагреј Волкено, вечрва со поеток во 21 часот во Музејот на современа уметност.
Викендот на гордоста Скопје 2018 се одржува по шести пат, во организација на Коалицијата МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет на РМ. Носечката идејаоваа година е „Настрано. Политичко.“ и ќе трае до 10 јуни. Со оваа идеја, од една страна, ќе се проблематизираат многустраните начини на кои нормативните имагинации за родот и сексуалноста се вкоренети во главните политички поими.
Од друга страна, ќе се претстават алтернативните можности што произлегуваат од многукратните маргинализирани практики на пријателство, грижа, љубов, секс, заедници и правда, а кои се создаваат и циркулираат во колективите и историите на “настраните” и жените.
Skopje Pride Weekend 2018 е реализиран со несебичната поддршка на Heinrich-Böll-Stiftung, Фондација Отворено општество – Македонија, Министерство за култура, Европската унија и Civica Mobilitas.
МЛ