• Latest

Почнува враќањето на граѓаните затекнати во странство, утре два лета до Загреб и Ла Валета

March 26, 2020
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Истражна комисија на ОН: Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа

September 16, 2025

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент: Европа мора „да го направи својот дел сега“ пред САД да воведат царини за Кина поради руската нафта

September 16, 2025

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025

На пратеникот на Левица, Сашко Јанчев му се одземени пасошот и возачката дозвола поради сообраќајката во скопско Марино

September 16, 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025
Пожар избувна од рафинеријата за нафта Кириши во руската Ленинградска област по пријавениот украински напад со беспилотни летала на 14 септември 2025 година. Фото: Генералштаб на украинската војска/Телеграм

Украински дронови нападнаа голема руска рафинерија во Ленинградската област, клучната единица го запре производството

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Почнува враќањето на граѓаните затекнати во странство, утре два лета до Загреб и Ла Валета

March 26, 2020 20:08
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 5.250 македонски граѓани затекнати во странство се пријавиле на повикот на МНР, што траеше до 22 март во 18 часот, за организирано враќање во земјава. Од нив, 2.900 граѓани се изјасниле дека сакаат да се вратат и прифаќаат задолжително да одат во државен карантин и да ја платат цената на чинење на авио-билетот, информира државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов.

Во изјава за ТВ Телма, Попов најави дека утре напладне ќе бидат реализирани првите два чартер лета – до Загреб и до Ла Валета во Малта.

@Вчера наутро Генералниот секретаријат на Владата упати јавен повик до авио-компаниите и тур-операторите во Северна Македонија со единствен услов, најниска цена на чинење на летот. За првите два лета тендерот го доби компанијата Wizz Аir. Цената на чинење зависи од капацитетот на авионот и пополнетоста на авионот.  Добиената цена по јавниот повик се дели со бројот на патници во авионот. За Загреб имаме Airbus со 230 седишта, до сега се пријавени 226 граѓани, а за Ла Валета имаме 147, Airbus320 со 180 седишта#, изјави Попов.

 

Најголем дел од затекнатите македонски државјани се во Европа, но има и во прекуокеанските земји.

„Се работи за 350 барања од Северна Америка, Јужна Америка, Австралија, Азија и Африка. Ова е покомплицирано, правиме напори во соработка со соседните земји и држави членки на ЕУ, земји кои испраќаат летови да ги соберат своите граѓани од тие дестинации, да се организираме за заеднички специјален лет и преговорите течат во моментот. Правиме сè што е во можност да ги извлечеме и тие наши граѓани. Во моментот приоритетот е на Европа, 95% од вкупно пристигнатите барања, 4.850 од вкупно 5.200 се однесуваат на Европа. Правиме се што можеме да ги извлечеме и нашите граѓаните на другите континенти“, вели Попов.

Сите граѓани што ќе се вратат, без ислучок ќе одат веднаш во карантин и за тоа имаат дадена согласност.

„Секој граѓанин е лично контактиран и има дадено лична согласност дека по слетувањето во Северна Македонија ќе оди во задолжителен државен карантин најмалку 14 дена. Согласно досегашните искуства имавме неколку успешни акции, со Црна Гора, со Турција, со Словенија денеска. Со Словенија дел со автомобилскиот конвој, а ќе има и лет. Функционира беспрекорно и без проблеми, државата има организирано соодветни капацитети, тие граѓани се преземаат на граничните премини и се носат во државен карантин“, изјави Попов.

Нагласи дека оваа акција се однесува пред се на затекнатите наши граѓани во странство, а не и граѓаните на Северна Македонија кои имаат регулиран престој.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ