• Latest

Поддршка за реформската политика од САД и ОБСЕ, Ковид скринингот почнува идната недела, ДИК ги финализира подготовките за изборите

October 13, 2021

Во Газа Курбан Бајрамот се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Поддршка за реформската политика од САД и ОБСЕ, Ковид скринингот почнува идната недела, ДИК ги финализира подготовките за изборите

October 13, 2021 17:32
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Скринингот на учениците за присуство на вирусот на Ковид-19 ќе започне следната седмица, со задоцнување од една недела поради подолгото траење на анализата за опфатот на учениците во основните и средните училиштата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Апелирам да го прифатат скринингот. Не е тоа ништо страшно, се зема опбичен бриз кај децата, исто како брисевите за детектирање и на други причинители на горнореспираторни инфекции со цел за пократко време да имамаме еден пресек, една слика. Сега епидемиолошката ситуација е прилично мирна, немаме заболени деца, немаме хоспиталиизрани деца. Десетина до 15 деца се во болницата во Козле и во ниту една друга институција. Нема податоци за ниту една друга трансмисија во училиштата, но битно е да знаеме дали еветуално би откриле асимптоматски носители на вирусот кај децата, рече Филипче.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Кејт Мери Брнз : Работејќи заедно, убедена сум дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата реформска приказна за зголемување на транспарентноста, борбата против корупцијата и ставање крај на неказнивоста, штитејќи ги своите граѓани и животната средина.

Амбасадорката ги повика студентите и идни судии, обвинители, адвокати да помогнат со својата работа во унапредувањето на владеењето на правото почнувајќи уште од денес, барајќи одговорност од власта и институциите.

ИЗБОРЕН РАПОРТ #15

Во денешното издание на Изборен рапорт #15, зборуваме за повреда на правото на глас за болните од КОВИД-19, црна кампања и родово базирана омраза, кршење на мерките за заштита од КОВИД-19 и неколку важни информации за ЦИВИЛ-ните активности.

 

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ спроведува и долгорочен мониторинг на дезинформациите и говорот на омраза. Како и во низа други области, тоа се прави во блиска соработка со граѓанките и граѓаните. Меѓу другото, достапна е и Граѓанската пријава, на која може да се пријавуваат случаи на дезинформации и говор на омраза, но и кршење на човековите права, корупција, дискриминација и други негативни појави во општеството.

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности. 

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРИ   Државната Изборна Комисија (ДИК) врз основа на одредбите од Изборниот законик, ги задолжува сите градоначалници да организираат дезинфекција на сите гласачки места во објектите за гласање.

За оваа законска обврска, ДИК во неколку наврати во изминатиот период писмено ги извести единиците на локалната самоуправа, со цел почитување на здравствените протоколи за спроведување на изборите, а поради заштита на здравјето на изборните органи, гласачите и учениците.

ПОСЕТА  Министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство, Венди Мортон, од денеска престојува во дводневна посета на земјава, каде ќе присуствува на првиот состанок на Советот во рамките на Договорот за партнерство, трговија и соработка (ДПТС) во Министерството за надворешни работи, што ќе ги зајакне трговските врски меѓу двете земји.

ОБСЕ   Заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која, со кого разговараше за тековната реформска агенда во контекст на процесот на европеизација,  претстојните локални избори, статусот на проектот за дигитализација и процесот на попишување.

КОВИД ПРОТОКОЛИ  Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со нови протоколи за Ковид-19, со кои Република Северна Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација, соопшти МНР.

ИНТЕРВЈУ

„Некој ќе освои повеќе градоначалници, некој ќе има повеќе гласови вкупно, некој ќе освои поважни општини, и сите, ама сите ќе најдат нешто да се пофалат, и, за жал, ќе нема јасен, условно речено, победник. Што можеби е и добро, иако поразите пак предизвикуваат промени во партиите. Не очекувам некој да се повлече по овие избори, бидејќи секој ќе си најде нешто да рече дека, ете, победил.  Тоа е, за жал, она што го очекувам, дека нема да се случи некоја катарза во некоја од поголемите политички партии. Се надевам дека независните ќе поминат добро и дека ќе има релативно многу советници низ општините, што ќе ја донесе таа нова динамика и, условно речено, поголема одговорност во работата на општините“, истакна Кржаловски во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

 

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Кучињата скитници и неплаќачи на струја дел од предизборната дискусија, црната пропаганда не стивнува

Останаа уште три дена до крај на кампањата за локалните избори, црната пропаганда и партиските препукувањата не стивнуваат, дезинформации, деманти, барања за извинување, сега и кучињата – скитници влегоа во изборната кампања, обвинувања за предизборен поткуп, и за тоа кој не плаќал струја? ДИК ги задолжи градоначалниците да организираат дезинфицирање на гласачките места, ЦИВИЛ го финализира извештајот за од долгорочниот изборен мониторинг предвиден за петок.

 СЛОБОДНА ЗОНА

„ Најоригинален излезе охриѓанецот кој истураше „вегета“ во студиото на ТВ24 и кандидатот на Интегра кој во „Утрински брифинг“ на прашањето зошто струмичани би го гласале, искрено одговори: „Па, не знам ни јас, и јас се прашувам!“ … Ах, да, и еден-два инциденти на Левица, ама и тие површни и лошо одглумени, каква што им е партиската понуда. Имаат, додуша, уште два-три дена време да смислат и изведат и нешто полошо, бидејќи тоа дно никогаш не треба да се потцени. “, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Уморна Македонија”.

Жените мислат повеќе, имаат моќ да се концентрираат на повеќе работи истовремено, а нивните мисли се далекусежни и длабоки.

Дали затоа ги нема во политиката? На кандидатските листи во изборните процеси во Северна Македонија никогаш не се ни приближуваат до застапеност која е барем приближно правична, што е и законска обврска. На Локалните избори 2021, бројот на кандидатки за градоначалничката функција и за советници е срамно низок. Поставени се така што нема шанси ни да стасаат до функции. А за тие што се фаворитки, црната десничарска пропаганда се потруди да ги оцрни до неподносливи граници, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „Лажното удопство на тапоглавоста“.

Д. Мишев

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ