ВЕСТ НА ДЕНОТ
Скринингот на учениците за присуство на вирусот на Ковид-19 ќе започне следната седмица, со задоцнување од една недела поради подолгото траење на анализата за опфатот на учениците во основните и средните училиштата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Апелирам да го прифатат скринингот. Не е тоа ништо страшно, се зема опбичен бриз кај децата, исто како брисевите за детектирање и на други причинители на горнореспираторни инфекции со цел за пократко време да имамаме еден пресек, една слика. Сега епидемиолошката ситуација е прилично мирна, немаме заболени деца, немаме хоспиталиизрани деца. Десетина до 15 деца се во болницата во Козле и во ниту една друга институција. Нема податоци за ниту една друга трансмисија во училиштата, но битно е да знаеме дали еветуално би откриле асимптоматски носители на вирусот кај децата, рече Филипче.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Кејт Мери Брнз : Работејќи заедно, убедена сум дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата реформска приказна за зголемување на транспарентноста, борбата против корупцијата и ставање крај на неказнивоста, штитејќи ги своите граѓани и животната средина.
Амбасадорката ги повика студентите и идни судии, обвинители, адвокати да помогнат со својата работа во унапредувањето на владеењето на правото почнувајќи уште од денес, барајќи одговорност од власта и институциите.
ИЗБОРЕН РАПОРТ #15
Во денешното издание на Изборен рапорт #15, зборуваме за повреда на правото на глас за болните од КОВИД-19, црна кампања и родово базирана омраза, кршење на мерките за заштита од КОВИД-19 и неколку важни информации за ЦИВИЛ-ните активности.
ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ
ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ спроведува и долгорочен мониторинг на дезинформациите и говорот на омраза. Како и во низа други области, тоа се прави во блиска соработка со граѓанките и граѓаните. Меѓу другото, достапна е и Граѓанската пријава, на која може да се пријавуваат случаи на дезинформации и говор на омраза, но и кршење на човековите права, корупција, дискриминација и други негативни појави во општеството.
ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ИЗБОРИ Државната Изборна Комисија (ДИК) врз основа на одредбите од Изборниот законик, ги задолжува сите градоначалници да организираат дезинфекција на сите гласачки места во објектите за гласање.
За оваа законска обврска, ДИК во неколку наврати во изминатиот период писмено ги извести единиците на локалната самоуправа, со цел почитување на здравствените протоколи за спроведување на изборите, а поради заштита на здравјето на изборните органи, гласачите и учениците.
ПОСЕТА Министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство, Венди Мортон, од денеска престојува во дводневна посета на земјава, каде ќе присуствува на првиот состанок на Советот во рамките на Договорот за партнерство, трговија и соработка (ДПТС) во Министерството за надворешни работи, што ќе ги зајакне трговските врски меѓу двете земји.
ОБСЕ Заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која, со кого разговараше за тековната реформска агенда во контекст на процесот на европеизација, претстојните локални избори, статусот на проектот за дигитализација и процесот на попишување.
КОВИД ПРОТОКОЛИ Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со нови протоколи за Ковид-19, со кои Република Северна Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација, соопшти МНР.
ИНТЕРВЈУ
„Некој ќе освои повеќе градоначалници, некој ќе има повеќе гласови вкупно, некој ќе освои поважни општини, и сите, ама сите ќе најдат нешто да се пофалат, и, за жал, ќе нема јасен, условно речено, победник. Што можеби е и добро, иако поразите пак предизвикуваат промени во партиите. Не очекувам некој да се повлече по овие избори, бидејќи секој ќе си најде нешто да рече дека, ете, победил. Тоа е, за жал, она што го очекувам, дека нема да се случи некоја катарза во некоја од поголемите политички партии. Се надевам дека независните ќе поминат добро и дека ќе има релативно многу советници низ општините, што ќе ја донесе таа нова динамика и, условно речено, поголема одговорност во работата на општините“, истакна Кржаловски во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.
ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Останаа уште три дена до крај на кампањата за локалните избори, црната пропаганда и партиските препукувањата не стивнуваат, дезинформации, деманти, барања за извинување, сега и кучињата – скитници влегоа во изборната кампања, обвинувања за предизборен поткуп, и за тоа кој не плаќал струја? ДИК ги задолжи градоначалниците да организираат дезинфицирање на гласачките места, ЦИВИЛ го финализира извештајот за од долгорочниот изборен мониторинг предвиден за петок.
СЛОБОДНА ЗОНА
„ Најоригинален излезе охриѓанецот кој истураше „вегета“ во студиото на ТВ24 и кандидатот на Интегра кој во „Утрински брифинг“ на прашањето зошто струмичани би го гласале, искрено одговори: „Па, не знам ни јас, и јас се прашувам!“ … Ах, да, и еден-два инциденти на Левица, ама и тие површни и лошо одглумени, каква што им е партиската понуда. Имаат, додуша, уште два-три дена време да смислат и изведат и нешто полошо, бидејќи тоа дно никогаш не треба да се потцени. “, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Уморна Македонија”.
Жените мислат повеќе, имаат моќ да се концентрираат на повеќе работи истовремено, а нивните мисли се далекусежни и длабоки.
Дали затоа ги нема во политиката? На кандидатските листи во изборните процеси во Северна Македонија никогаш не се ни приближуваат до застапеност која е барем приближно правична, што е и законска обврска. На Локалните избори 2021, бројот на кандидатки за градоначалничката функција и за советници е срамно низок. Поставени се така што нема шанси ни да стасаат до функции. А за тие што се фаворитки, црната десничарска пропаганда се потруди да ги оцрни до неподносливи граници, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „Лажното удопство на тапоглавоста“.
Д. Мишев