• Latest

Поднесена апликацијата за кредит за изградба на современи депонии за пет региони во земјава

May 8, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Поднесена апликацијата за кредит за изградба на современи депонии за пет региони во земјава

May 8, 2021 12:13
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање активно работат на обезбедувањето на неопходните финансии за обезбедување на современ третман на отпадот во земјава, во согласност со критериумите на ЕУ. Земјава ја поднесе апликацијата до меѓународните финансиски институции, со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) како водечки субјект, за добивање на кредит во висина од 55.367.614 евра за изградба на регионалните системи за управување со отпад во земјава.

„Апликацијата е доставена и се очекува одговор за одобрување на заемот од страна на банката. Временскиот рок на целата постапка, до одобрување на кредитот и започнување на инвестициите, е околу 18 месеци, сметајќи од април 2021 година“, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Доколку се одобри кредитот од меѓународните финансиски институции, тој ќе овозможи конечна изградба на регионалните депонии за Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион во земјава. Покрај изведбата на локации на кои би се депонирал отпадот во согласност со европските стандарди, регионалните системи за управување со отпад ќе овозможат значително поголем степен на селекција на отпадот што се создава во општините, но и рециклирање и компостирање на дел од самиот отпад.

Инаку, на барање на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на почетокот на февруари годинава го одобри започнувањето на постапката за обезбедување на заем за воспоставување на регионалните системи за управување со отпад во земјава. Финансиски средства за ваков капитален проект досега се обезбедени единствено за Североисточниот и Источниот плански регион, за кои современа регионална депонија ќе се гради во Општина Свети Николе.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека регионалниот систем за управување со отпад за Југоисточниот и Вардарскиот плански регион ќе чини 15.406.000 евра, додека идентичната инвестиција за Пелагонискиот и Југозападниот плански регион ќе изнесува 22.591.000 евра. Изградбата на регионалната депонија, заедно со неопходната инфраструктура, во Полошкиот плански регион ќе чини 17.370.614 евра. Дополнително, од ова министерство побарале и грант средства од Швајцарија како помош за евентуално намалување на долгот од идниот заем, кој е одобрен во висина од 5,5 милиони евра.

„Мета.мк“ веќе подолг период наназад пишува за неопходноста од обезбедување на современ третман на отпадот во земјава, чии количества што ги создаваат граѓаните постојано низ годините растат. И покрај ова, селекцијата на отпадот, како и неговото рециклирање е минимално, а најголем дел од ѓубрето завршува или на општинските депонии кои не поседуваат соодветни критериуми за депонирање на отпадот или на дивите депонии кои граѓаните нелегално ги создаваат, загадувајќи ги на тој начин почвите, водите и воздухот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ