Третата рунда преговори меѓу Украина и земјата агресор Русија ќе започне денеска во 16.00 часот по киевско време, објави на Твитер
Михаило Подолијак, советник на шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, пренесува Укринформ.
„Преговори со Руската Федерација. Трето коло. Почеток во 16:00 часот по киевско време. Делегацијата е непроменета“, напиша тој.
Д.М.