Авторката Наташа Сарџоска вечер ќе настапи на Деветиот Меѓународен поетски фестивал во Берлин во Академијата за Уметности на покана од берлинската Куќа на поезијата.
Таа ќе изведе поетско-музичко-сценски перформанс, придружувана од гитаристот и композитор Георги Шарески. На истата поетска вечер, под наслов „Студио Европа“, ќе читаат и поетеси од Луксембург, Велика Британија и од Полска. По тој повод, нејзината поезија е преведена и објавена на германски јазик.
Годинава, Сарџоска изведе и поетско читање во рамки на книжевната визита во Македонскиот културно-информативен центар во Софија во организација на Книгоиздавателство Макавеј од Скопје, а под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија. (МИА)