„Станица број 1“ е името на првиот поетски настан кој го организира субкултурниот центар „Шорт Бас“, заедно со Емануела и Ѓорѓи, ќе се одржи утре, 8 ноември, со почеток 21 часот.
„Ги покануваме сите љубители и нељубители на поезијата да се паркираат на Poetry Station овој петок на 8-ми ноември. Цел ни е да отвориме нов простор за поетите и преку нивните песни да се инспирираме за темата на следното поетско читање и покрај тоа да истакнеме музичари од секој вид на жанр“, велат организаторите.
На овој настан поезија ќе читаат: Исток Улчар, Горазд Китановски, Викторија Ангеловска, Ѓоко Здравески, Ива Дамјановски, Јосип Коцев, Андреј Ал Асади и Емануела, а за за музичкиот дел ќе се погрижи Ulterior.
А. П.