Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево. Останатите погреби ќе се одржат исто така во текот на утрешниот ден во различни временски периоди.
– Свештениците од локалните цркви ќе ги контактираат сите ужалени семејства со детали околу погребот, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму ги замолуваат сите граѓани на разумно постапување и достоинствено испраќање на жртвите во трагедијата во Кочани.
Во пожарот што се случи во неделата рано сабајле загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, пренесе МИА.
По реакција на читателка на ЦИВИЛ Медиа, дополнително известуваме дека погребот на младиот тапанар на бендот ДНК, Ѓорѓи Горѓиев ќе биде на градските гробишта во Струмица. Посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот.
Утре ќе се одржат и погребите на останатите членови на ДНК, во Скопје на Андреј Ѓорѓиески, во Бутел, на Сара Пројковска на гробиштата во Ѓорче Петров, а во Ново Село, Штип на Филип Стевановски и на Александар Коларов. Александар Ефремов, кој исто така беше дел од бендот, погребот ќе биде во Штип.
Утре ќе се одржи погреб и во Македонска Каменца на младата Кети Милковска. Во Виница ќе се одржи погребот на двете млади девојки кои исто така загинаа во пожарот во Кочани.