• Latest
A sweet donkey foal is resting on green grass

Покондурени простаци и апаши

October 18, 2020

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Покондурени простаци и апаши

Срамно е да се гледа како пропаѓаат сите тие пароли за грижа за селото и за фармите. Очигледно не разбираат, толку се прости, па се исмеваат со оние што со својата вредна работа ни носат храна на трпезите. На овие ајдучишта и размазенковци што се возат во своите скапи автомобили на „масовните протести“ веројатно не им ни текнува дека ги навредуваат токму тие за кои велат дека ги застапуваат.

October 18, 2020 16:38
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
A sweet donkey foal is resting on green grass

A sweet donkey foal is resting on green grass

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Тие што се промовираа како заштитници на земјоделците… Ајде да бидеме директни… Партијата и нејзините тролови што се промовираат (се продаваат) како заштитници на земјоделците и сточарите, се подбиваат токму со нив. Со години трошеа по стотина милиони евра годишно од буџетот под изговор дека им помагаат на земјоделците, дека ги развиваат земјоделието и сточарството во земјата… Арно ама, земјоделците и сточарите беа „високо на нивната агенда“ само на хартија. Тоа се лажни заштитници.

Знаеме сите, тоа беше само политичка корупција, за плаќање на сопствените партиски војници. Со други зборови, шарена лага, како за земјоделците и сточарите, така и за сите нас. За какви покондурени простаци се работи, се гледа деновиве, кога крајно неумесно и несмасно (глупаво) се подбиваат со проекти од европските фондови наменети за дејности во сточарството.

Срамно е да се гледа како пропаѓаат сите тие пароли за грижа за селото и за фармите. Очигледно не разбираат, толку се прости, па се исмеваат со оние што со својата вредна работа ни носат храна на трпезите. На овие ајдучишта и размазенковци што се возат во своите скапи автомобили на „масовните протести“ веројатно не им ни текнува дека ги навредуваат токму тие за кои велат дека ги застапуваат.

За начинот на кој се работело во Националната агенција која менаџира дел од европските фондови се изјасни директорката Димова, но последниот збор ќе го кажат институциите. Од друга страна, доволно јасно проговори и вицепремиерот Љупчо Николовски чија задача е борба против корупцијата. Тој побара морална одговорност и оставка, односно разрешување на Димова. Нема ништо појасно во целиот случај. Ако некогаш крадеа милијарди и убиваа луѓе, сега има институционална и политичка реакција. Речиси досадно европски…

Секако, поинтересно е да се следи и реакцијата на структурите што, додека беа на власт, го презираа и ограбуваа „народот“ и сѐ уште се вгнездени во сите пори на системот. Има уште да се зборува и пишува за тоа, игранката е многу поголема, отколку што се чини на прв поглед.

Но денеска зборуваме за атрофираните умови и неморалот на оние што се подбиваат и го потценуваат значењето на развојот во руралните средини. Тие што дошле од село и плукнале на своето потекло се неранимајковци. Најраспрдени „фаци“ во градот… Шутраци!

Не смее да се испушти уште нешто што ја илустрира нивната расипаност и глупост. Ги понижуваат и животните. Очекувам организациите за заштита на животните да напишат збор-два во одбрана на животните. Како што би рекол и Кундера: „Вистинскиот тест на човечкиот морал, неговиот фундаментален тест, се состои во неговиот однос кон тие што се во негова милост: животните“. Овие што се подбиваат со животните и луѓето што ги одгледуваат за да нанесат политичка штета паднаа на тестот.

Навикнавме, иако навистина не треба, да гледаме и да трпиме замена на тезите, спинување, дрскост и бесрамност во јавната комуникација.

Со години слушаме како фашистите ги нарекуваат демократите и прогресивните луѓе токму со зборот фашисти. Видовме како најголемите зулумќари и апаши обвинуваат за корупција и криминал. Тие што правеа видео спектакли од брутални апсења во присуство на деца, тепаа, затвораа и убиваа од бес, суета и политички реваншизам – тие обвинуваат за реваншизам. Тие што крадеа и присвојуваа енергетски ресурси, токму тие протестираат за високите цени на струјата. Со раскошен возен парк, кабриолети и џипови, се разбира.

А бе, ајде, одете по ѓаволите!

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ