Во саботата на плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржа детска манифестација „Априлијада – Скопје се смее“. Освен во знакот на шегата, манифестацијата помина и во знакот на политиката.
Од фотографиите кои ни ги испрати граѓански новинар кој сакаше да остане анонимен, се гледа бината на која се поставени црвени и жолти ленти, кои во изминатиот месец се симбол на иницијативата „За заедничка Македонија“, која наводно протестира за одбрана на унитарноста, суверенитетот, и македонскиот јазик, а нивните политички противници ги обвинуваат дека демонстрираат само заодбрана на криминалите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.