Oткако еден битолчанец ги врати отстранетите ѕвезди од Кутлеш на шахтите во градот кои беа отстранети со брусилица, според Преспанскиот договор, од наши извори во МВР дознаваме дека канализациските шахти ќе ги чува полицијата 24 часа.
Исто така новата ознака што беше поставена вчера на споменикот на Филип Втори на скопскиот плоштад „Карпошово востание,“ ноќеска беше извадена и украдена.
„Со сите расположливи средства ќе ги зачуваме избрусените шахти и нема да дозволиме да се крадат како порано за да се продадат во некој отпад за старо железо. Нема да дозволиме да се врати знамето на вергина и тоа да биде единствената причина за недобивање на датум за преговори со ЕУ и влез во НАТО. Ние како држава ги исполнивме сите барања и препораки, односно расчистивме со криминалот и корупцијата, го средивме правосудството, има правда за сите, ги уапсивме сите криминалци и тепачи. Веќе е минато време кога низ улиците шетаа лица со ножеви и пиштоли и убиваа и пукаа слободно. Сега, останува уште да ги одбраниме шахтите и се ќе биде ОК“, вели нашиот извор.
Тој додава дека на овој чекор се одлучиле, бидејќи го следат позитивниот пример кога пред извесен период полициските службеници и специјалци успешно ги одбранија таблите со новото име на Република Северна Македонија.
Брус Ли
Оградување, одбрана и заштита: Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.