Од повеќе извори неофицијално дознаваме дека ноќва се трага по Сашо Мијалков, осомничен во „Трезор“, „Таргет/Тврдина“, „Тортура“ и други предмети.
Полицијата не го нашла на двете адреси што ги навел дека ќе престојува за време на куќниот притвор кој му е одреден од судот. Дел од медиумите веќе објавија информации за полициската потрага, а некои отидоа дотаму да објават дека е распишана централна потерница. Од МВР нема официјална потврда на овие информации.
Во среда се очекува пресуда во судскиот предмет за масовно прислушување „Таргет/Тврдина“ каде што Мијалков е првоосомничен.