Косовската полиција уапси 16 лица за време на опсежна операција против криминални активности, вклучително и шверц на оружје и муниција, што се спроведе денеска на југот и северот на Митровица, јавуваат косовските медиуми.
Според Основното обвинителство во Митровица, досега е претресена 21 локација, додека 13 од уапсените со одлука на обвинителството се испратени во притвор.
Тие се сомничат за сторени кривични дела „присилно“ како и „увоз, извоз, снабдување, транспортирање, производство, размена, посредување или неовластено продавање на оружје или распрскувачки материи“.
Полициската акција доаѓа по неколкумесечни истраги.
Полицијата соопшти дека проверени се вкупно 21 локација на југот на Митровица, северно од Митровица, Вуштри, Скендерај и Лепосавиќ.
„Од оваа полициска акција во полиција се спроведени вкупно 16 лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „принуден“ како и „увоз, извоз, снабдување, транспорт, производство, размена, посредување или неовластено продавање на оружје или распрскувачки материи“.
Преку соопштение косовската полиција соопшти дека при претресот како материјален доказ се одземени 9 огнено оружје, 200 чаури, разновидна муниција, 15 мобилни телефони, 2 пара лисици, ножеви, цевки за пиштоли, футроли за пиштоли и 1 ДВР.
Д. Т.