• Latest

Полициска контрола за неносење ковид-маски, 17 револтирани патници казнети, за правното лице нема информации

March 7, 2023
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Полициска контрола за неносење ковид-маски, 17 револтирани патници казнети, за правното лице нема информации

March 7, 2023 15:42
in ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Според пријава од една граѓанка до ЦИВИЛ, на 27 февруари, околу 16 часот, на наплатната станица во Гостивар, полициска патрола го стопирала минибусот на фирмата Вапчаре кој превезувал патници Скопје-Струга и утврдила дека никој не носи маски. Полицајците почнале со пишување прекршочни пријави за патниците поради – неносење ковид-маска! Полицајците им ги собрале личните карти на патниците и им пишале пријави.

Никој не сакал да потпише затоа што никој не им кажал дека треба да носат маски и дека не било истакнато дека е задолжително носењето маски. Изговорот на полицајците бил дека на овој начин сакаат да ги едуцираат шоферите и фирмите. По тоа следеле уште реакции од патниците. На граѓанката, која извести за случајот, ѝ била врачена пријавата, каде што, на местото предвидено за сторител на прекршок стои „одбива“.

Во видео записот доставен од граѓанката може да се заклучи дека граѓаните се видно револтирани. Тие посочуваат дека е неправедно, дека никаде не се носат, ниту се бара од нив да се носат маски, наведуваат и примери за патување во странство, каде исто така нема барање за носење на маски. Ликовите на патниците и идентитетот на полицаецот во видеото се заштитени.

„Ќе одговори компанијата што не ја објавила пораката. Кога ќе отидете во фирмата Вапчаре сите заедно, и ќе им речете поради вас бевме казнети, сега вие да ни ја платите  казната, или ќе им речете не патуваме повеќе со вас, има многу други фирми“, одговара службено лице при контролата на минибусот.

ЦИВИЛ се обрати до МВР за информации колку се запознаени со случајот, дали се работи за инцидентна полициска контрола за неносење маски и објаснување за законските мерки, односно доколку тие не се почитуваат зошто дури сега се реагира.

„Секторот за внатрешни работи Тетово Ве известува дека на 27-ми февруари годинава полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар, на наплатна станица Гостивар, извршиле контрола на минибусот Вапчаре и притоа санкционирале вкупно 17 физички лица (патници) кои не носеле никаква заштита на лицето, односно заштитни маски. Постапувајќи согласно член 66 став 5 од Законот за заштита на населението од заразни болести“, е одговорот на МВР на поставените прашања од ЦИВИЛ.

Глобата која што треба да ја платат граѓаните изнесува 20 евра.

Сепак, во одговорот на МВР се наведува дека се санкционирани 17 физички лица, но нема информација за правното лице, освен на вработениот -шоферот – односно превозникот Вапчаре. Одредбата што ја наведува МВР, доколку се отвори на веб страницата на Министерството за здравство, ќе се види дека е дел од прекршочните одредби.

Член 66 се однесува на глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност што ќе се изрече за прекршок на правно лице, а во став 5 се вели дека таа ќе се изрече доколку правното лице не спроведе изолација на лица заболени од заразни болести од членот 28 на овој закон.

На 3 мај 2022 Владата ја укина забраната за носење маски, освен во здравствените домови, аптеките, јавните превозни средства, односно автобус, воз, авион, такси, како и во установите за згрижување стари лица и лица со посебни потреби. Согласно законските одредби оваа мерка е сѐ уште валидна, што значи дека полициските службеници постапиле според законот.

Според информациите на ЦИВИЛ Медиа и теренската проверка, многу мал број граѓани ја почитуваат мерката за носење маски во јавен превоз. Она што е општа состојба е дека ниту еден превозник не бара носење на маски, ниту еден шофер не носи маски, ниту еден патник не е пуштен во автобус затоа што не носел маски и тоа важи за територија на цела држава.

Биљана Јордановска
монтажа: Ариан Мехмети

 

Tags: граѓанијавен превозКОВИД-19маскиполициска контроласанкции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ