• Latest

Полицискиот синдикат со реакција до Апасиев

July 3, 2021

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Полицискиот синдикат со реакција до Апасиев

July 3, 2021 19:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

– Македонскиот Полициски Синдикат најостро реагира на објавата на социјалните мрежи од пратеникот Апасиев кој со неговиот речник и вокабулар воопшто не ја преставува пратеничката функција, се наведува во реакцијата од Македонскиот полициски синдикат.

Тие реагираат на објавата на пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасииев кој на Фејсбук се пожали затоа што бил сопрен од полиција додека се движел со своето возила на пат кон Штип. Притоа, Апасиев, реагирал на сопирањето и на легитимирањето и како што пишува, се повикувал на својот пратенички имунитет.

Реакцијата од Македонскиот полициски синдикат ја пренесуваме во целост:

„Имено господине Апасиев, сте биле сопрен од страна на УНИФОРМИРАН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК, а не од ,,Џандар“ при вршење контрола над безбедноста во сообраќајот.

За тоа како се вработил во Министерството за внатрешни работи и како се образувал за ПОЛИЦАЕЦ не е Ваше да коментирате, бидејќи во Министерството за внатрешни работи постојат точно утврдени правила за тоа.

Согласно правните прописи, Униформирани полициски службеник врши контрола во сообраќајот при што превентивно и репресивно постапува согласно утврдената фактичка состојба на терен.

„Тресењето на возилото“, е ПРЕГЛЕД, а не претрес за што Вие како „добар познавач на правото“ треба да ја знаете разликата. Последиците од непостапување по наредба од Униформирани полициски службеник исто така вие како „добар познавач на правото“ треба ги знаете.

Дали и како се однесувал полицискиот службеник за тоа ќе си утврди соодветната служба на МВР.

Вашето однесување како Пратеник, Вашиот вокабулар, а особено непознавањето на Вашите обврски и права кои произлегуваат од Вашиот пратенички мандат како и неоснованото повикување на пратенички имунитет ја отсликува Вашата личност.

Кога сме веќе кај Вашиот Имунитет на кој се повикавете, еве ние „џандарите“ да Ви дадеме бесплатна лекција по ПРАВО:

-Уставниот имунитет на кого сте се повикале не ве ослободува ниту од прекршочна, ниту од кривична одговорност.

Член 64 од Уставот на Република Северна Македонија на кого се повикувате гласи:

-Пратениците уживаат имунитет.

Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието.

-Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

-Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник.

-За време на мандатот пратениците не подлежат на обврска во вооружените сили.

-Пратеникот има право на надомест утврден со закон.

-Вие како пратеник уживате материјален и формален имунитет.

Материјалниот имунитет е заштита од кривично гонење за искажано мислење во Собранитето односно пратеникот неможе никогаш да одговара за кажан збор од говорница или за гласање во собраниска постапка.

Формалниот имунитет го штити пратеникот од притвор освен ако не е затечен при извршување на кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку 5 години затвор како што е наведено во член 64 од Уставот на Република Северна Македонија

Службената легитимација господине Апасиев не е документ за ослободување од прекршочна или кривична одговорност истата е документ за утврдување на идентитет и функција.

Како Македонски полициски синдикат ги повикуваме сите наши членови од МВР, а воедно и сите вработени во МВР да не потклекнуваат на вакви притисоци и да ги извруваат своите задачи согласно позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.

Ние како Македонски полициски синдикат будно ќе ги следиме сите напади кон нашите членови и воопшто кон сите вработени во МВР и навремено и аргументирано ќе реагираме.“, се наведува ве реакцијата од Македонскиот полициски синдикат.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ