• Latest
Фото архива на ЦИВИЛ (Шарената револуција - протести против режимот на Груевски, 2016 година)

Полицијата не смее да брише снимки!

October 26, 2017

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Полицијата не смее да брише снимки!

October 26, 2017 14:05
in ОПШТЕСТВО
Фото архива на ЦИВИЛ (Шарената револуција - протести против режимот на Груевски, 2016 година)

Фото архива на ЦИВИЛ (Шарената револуција - протести против режимот на Груевски, 2016 година)

Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на вториот круг на локалните избори што ќе се оддржат на 29 октомври, во недела, граѓанките и граѓаните имаат можност да придонесат за спроведување слободни избори, со тоа што ќе снимаат или фотографираат изборни нерегуларности (поткуп, заплашување, уцени, закани итн.). Слободата на говорот и правото на информирање се дел од Уставот на Република Македонија (член 16) има повисока вредност за секое демократско општество отколку некакви докази за прекршочна постапка.
Полицијата, ниту било кое друго лице нема право самоволно да одземе и избрише материјал снимен од новинар или од граѓански новинар/новинарка. Тоа се регулира со Член 57 од законот за полиција, во кој се вели:

„Полицискиот службеник може привремено да одземе предмети со наредба на суд, во случаите утврдени со Законот за кривичната постапка. Одземањето на предмети може да се изврши и без наредба на суд во следниве случаи: а) Кога постојат основи за сомневање дека се работи за предмет на кривично дело, прекршок или имотна корист прибавена со кривично дело или прекршок кој може да послужи како доказ во постапката, доколку постои опасност од одлагање. б) Кога заради заштита на општата безбедност, одземањето на предметот неопходно е потребно. в) На лице на кое привремено му е ограничена слободата на движење, а поседува или може да употреби предмет за самоповредување, напад или бегство.“

Значи! Во ниеден момент, законот не дозволува бришење на снимките. Не може да се одземе предмет без налог од суд. Партиски активисти, приватно обезбедување или било кој друг, нема овластувања ниту да пријде, а да не говориме за задржување или одземање телефон, фото апарат или камера. Законот е јасен.

Доколку полициските службеници во одреден случај, сметаат дека снимката или фотографијата ја загрозува општата безбедност, најмногу што може да направи е да ја одземе и да издаде потврда за привремено одземени предмети. Во минатото, однесувањето на полицијата кон новинар(к)ите, граѓанските новинар(к)и и активист(к)ите беше сведено на цензура на лице место, пришто беа бришени снимки и фотографии, а за тоа никој не понесе одговорност.

Дехран Муратов

фото: ЦИВИЛ


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан
Tags: бришењеполицијаправо на информирањеслобода на говорснимкиУстав на РМфорографииЧлен 57
Share28TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ